Citroen со најнеобична иновација

Back to Back

И само што мислевме дека се е измислено, дури и во светот на автомобилската индустрија, сфаќаме дека натпреварот околу иновациите и некои креативни решенија, штотуку започнал. Инено, станува збор за светски познатиот бренд Citroen, а прашањето е дали тој навистина продава ваков Jumper, односно Jumpers
со две кабини!

„Citroen го продава Jumper во верзија back-to-back, која има два предни краја свртени еден од друг. Секоја од двете кабини доаѓа со сопствена погонска единица, што значи дека технички гледано, возилото може да се вози во двете насоки. Шасијата е споена со привремена структура, доволно силна за да ги држи заедно колку што е потребно.“ – вели магазинот autoblog.rs

Откриена „позадинската“ намера на приказната

Ревија ХАК пишува дека причината поради која Citroen произведува такви возила е поради логистиката. На некои клиенти, како што се RV компаниите, им треба само предниот дел на секое возило како основа за нивните проекти. Ако ги нарачате во конфигурација 2-во-1, се намалува времето и трошоците за испорака. Затоа Citroen спојува две возила, кои подоцна лесно се одвојуваат.

Моделот Back to Back е достапен со два 2,2-литарски BlueHDi турбодизел мотори со четири цилиндри со по 140 КС. Силата се испраќа до предните тркала преку шест-брзински мануелен менувач. Цените за Citroën Jumper Back to Back започнуваат од околу 40.000 евра.