АВТО НОВОСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ

Brabus со впечатлив дизајн, високи перформанси и нова –  Peetch боја

Brabus со впечатлив дизајн, високи перформанси и нова – Peetch боја

Колекцијата на Brabus 2025 година со смел потег и автомобил кој успева да го редефинира луксузот. Ова е досега невиден Brabus стил кој дебитира на Brabus 900 Peetch и Brabus 600 Peetch моделите. Впечатлив дизајн и високи перформанси. Имено Brabus 600 Peetch и Brabus 900 Peetch се тјунирани автомобили базирани на Porsche 911 Turbo S Cabrio и Range Rover P530. Истите се појавуваат на автомобилската сцена во привлечна боја, нови тркала и модифицирана суспензија. 900 Peetch ја доби новата Peetch боја, аеро-кит за каросерија (преден спојлер, заден дифузер, заден спојлер, …), тркала од 21 и 22 инчи, кожа од праска,…
Read More
Уште еден рекорд на Bugatti

Уште еден рекорд на Bugatti

По четврти пат Bugatti е на пиедесталното место во автомобилската историја. Со моделот Mistral W16, Bugatti има најбрз кабриолет. Тоа го докажа со поставување на нов светски рекорд на патеката Automotive Testing Papenburg GmbH во Германија. Максималната брзина за автомобилот со отворен покрив достигна 453,91 км/ч. за разлика од претходниот рекорд на Veyron 16.4 Grand Sport Vitesse кој достигна 408,84 км/ч. Уште во 2010 година Veyron 16.4 Super Sport кој достигна рекорд од 431,07 км/ч. И токму од таму започна да се креира оваа успешна приказна. Прочитајте повеќе на изворот.
Read More
Исклучително редок Aston Martin V12 Speedster на продажба

Исклучително редок Aston Martin V12 Speedster на продажба

Многу редок Aston Martin V12 Speedster се најде на аукција на веб-страницата на Sotheby's. Од 780.000 до 1.080.000 евра е проценетата вредност на овој автомобил со отворен кокпит и две седишта. Истото значи дека автомобилот има спортски дизајн со две седишта и нема кров. а топкму тоа го прави уште попривлечен за ентузијасти кои сакаат уникатно и возбудливо возачко искуство. Што се однесува до автомобилот, тој го придвижува 5,2-литарски „twin turbo“ V12 мотор кој произведува 690 коњски сили и 755 Nm. Може да достигне брзина до 317 km/h. Погонот може да забрза до 100 km/h За само три и пол…
Read More
Сопственик на Ферари лажел дека неговото возило е електрично и паркирал бесплатно

Сопственик на Ферари лажел дека неговото возило е електрично и паркирал бесплатно

Сопственик на Ферари Ф430 лажел дека неговото возило е електрично и паркирал бесплатно Проблемот со наоѓањето паркинг е сè поизразен во светските метрополи. Многу возачи се соочуваат со потешкотии во барање на паркинг место. Така, често измислуваат „креативни“ начини за да избегнат да платат за паркинг. Еден таков возач дошол до необична идеја. Како што пренесува autoblog.rs, се работи за сопственик на автомобил со мотор со внатрешно согорување. Тој го окупирал паркинг местото предвидено за полнење на електрични возила. Овој иновативен „маневр“ се случил во Атина, Грција, каде што сопственикот на Ферари Ф430 решил да поврзе кабел за полнење на…
Read More
80 автомобили, се борат за титулата Светски автомобил за жени на годината

80 автомобили, се борат за титулата Светски автомобил за жени на годината

Mоментално 80 автомобили, се борат за титулата Светски автомобил за жени на годината (WWCOTY). Победниците ќе бидат избрани по категории и објавени на 8 јануари 2025 година. И на само два дена пред денот на жената, на 6ти Март, ќе биде објавен конечниот резултат. Кој ќе ја победи оваа битка? Марта Гарсија, извршниот претседател на WWCOTY, околу изборот на Светски автомобил за жени на годината, изјави: „Оваа година нашето гласање се одвива во контекст кога кинеските брендови станаа присутни на сите континенти. Конкуренцијата е жестока и тоа ја прави нашата задача уште повозбудлива“. Целта на оваа единствена награда е да…
Read More
Според законските прописи, од денес секое возило мора да има зимска опрема

Според законските прописи, од денес секое возило мора да има зимска опрема

Без разлика на временските услови, според законот од денеска, во наредните четири месеци, зимска опрема на возилото е задолжителна. Истото важи до 15-ти март 2025 година. Според одредените прописи, секое патничко возило кое учествува во сообраќајот надвор од населено место мора да има зимски пневматици... На сите тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 милиметри... Или пневматици со летен профил ако возилото во приборот има синџири за снег за погонските тркала или други соодветни помагала. На прагот е зимата, па освен задолжителната зимска опрема, потребна е и проверка на возилото и…
Read More
Фармер од Индија му приредил вистински погреб на својот автомобил Suzuki Wagon R

Фармер од Индија му приредил вистински погреб на својот автомобил Suzuki Wagon R

Санџај Полара, фармер од Индија, му приредил вистински погреб на својот автомобил Suzuki Wagon R. Автомобилот верно му служел на неговото семејство, а Санџај тврди дека токму тој е заслужен за благосостојбата во нивниот живот. Поради сето ова индиецот, сметал дека треба да направи специјална церемонија во негова чест. „За мене ова не е само автомобил. Го возев 12 години и за тоа време придонесе за успехот и благосостојбата на моето семејство. Покрај деловниот напредок, благодарение на него ја стекнавме и почитта од заедницата “, рече Полара за време на церемонијата. На церемонијата биле присутни 1500 гости, а автомобилот бил…
Read More
Трамп ги притиска јапонските автогиганти: Тие ќе инвестираат во САД за да избегнат царини

Трамп ги притиска јапонските автогиганти: Тие ќе инвестираат во САД за да избегнат царини

Јапонските производители на автомобили, како Тојота, Нисан и Хонда, ја зголемуваат својата инвестиција во САД, обидувајќи се да избегнат високите царини што претседателот Трамп ги најави за увоз на автомобили од странски производители. За време на неговиот прв мандат, овие компании потрошиле повеќе пари на лобирање... А сега планираат нови инвестиции во производство во САД. Политиката на американскиот претседател се фокусира на стимулирање на домашното производство. На создавање нови работни места во САД. А ако странските компании не го прифатат тоа, ќе се соочат со високи царини. Овој пристап е дел од неговата стратегија да го намали трговскиот дефицит на…
Read More
Tesla повторно со дефект – Речиси 2.500 сајбер камиони повлечени

Tesla повторно со дефект – Речиси 2.500 сајбер камиони повлечени

Скоро 2.500 сајбер камиони Tesla се повлечени поради дефект, пренесува Anadolu. Американскиот производител Илон Маск како шеф на гигантот, повторно е во криза. Имено станува збор за точна бројка од 2.431 примерок од моделот Cybertruck кој сега е повлечен од пазарот поради дефект. Станува збор за дефект на инвенторот. А американската Национална администрација за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA), соопшти дека возилата Cybertruck - (сајбер камиони), произведени помеѓу 6 ноември 2023 година и 30 јули 2024 година се повлечени од пазарот Ова е шести пат кога Tesla повлекува возила оваа година, но изгледа дека Илон Маск не се откажува.…
Read More
Бизарно: Cookie Monster возел автомобил, а сега е во бегство!

Бизарно: Cookie Monster возел автомобил, а сега е во бегство!

На патот во околината на Дортмунд, во Германија, полицијата на својата камера забележала една необична ситуација. Зад воланот на автомобил „Ауди РС2“ се возел Cookie Monster - познат лик од детско телевизиско шоу „Sesame street“. Изгледа возачот сакал да се пошегува со полицијата. Имено ја пречекорил дозволената брзина за 11 км/ч и се соочува со казна од 40 евра. „Можеби за некого е забавно, но носењето маска додека возите е многу сериозно. Доколку осомничениот признае дека возел додека носел маска, ќе добие дополнителна казна од 60 евра бидејќи во Германија е забрането носење маска додека вози. Во делот каде што…
Read More