АВТО НОВОСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ

Jaguar E-Type со два потполно нови примероци

Jaguar E-Type со два потполно нови примероци

Точно 50 години откако престана со негово производство, Jaguar направи два потполно нови примероци на легендарниот Е-Type. Причината е да се исполни желбата на еден верен купувач од југоисточна Азија, „Користена е оригиналната техничка документација но возилата не се идентични како некогаш – имаат 3,8 литарски мотор со електронско вбризгување место тројни карбуратори, спарен со петстепен менувач.“ - пренесува avtomagazin.mk. Во поглед на подобрувањето и надоградувањето, се наоѓа блутут радиото и загреваното ветробранско стакло. Во филигрански прецизно обработената внатрешност се среќаваат детали од сребро и 18-каратно злато. За да се оствари желбата на клиентот, од Jaguar велат дека биле потребни…
Read More
ВИДЕО: ТЕСТ возење – Porsche Macan 4

ВИДЕО: ТЕСТ возење – Porsche Macan 4

„Порше Макан електрик е второто чисто електрично возило на Порше по Taycan. На некои пазари Porsche сè уште го продава моторот со внатрешно согорување Macan, што е уште еден фејслифт на моделот од првата генерација. Втората генерација е само електрична и е достапна како Macan, Macan 4, Macan 4 S и Macan Turbo.“ Пишува во описот на видеото што можете да го погледнете подолу во текстот. https://www.youtube.com/watch?v=h89FK4Kz-EE
Read More
Истражување: Повеќето возачи се заслепени од светлата на другите возила

Истражување: Повеќето возачи се заслепени од светлата на другите возила

На прагот е зимската сезона. Со неа доаѓаат и кратките денови каде возачите се во сообраќај повеќе во ноќните часови. Лошите временски услови како дожд или снег го отежнуваат сообраќајот... Но, има и едно ново истражување кое објаснува дека и нешто друго ја загрозува безбедноста по улиците. Повеќето возачи се заслепени од светлата на другите возила! Имено истражувањата се направени од страна на шведската компанија MOT Bilprovningen. Тие покажуваат дека 8 од 10 возачи се заслепени од сообраќајот што доаѓа. Од малку повеќе од милион патнички автомобили кои биле прегледани во 2022 година, секој четврти имал дефекти на неусогласени или…
Read More
Mercedes-Benz 300SL Gullwing на ексклузивна аукција во лас Вегас

Mercedes-Benz 300SL Gullwing на ексклузивна аукција во лас Вегас

Во Лас Вегас на RM Sotheby's подоцна овој месец, последниот направен Mercedes-Benz 300SL Gullwing ќе биде на ексклузивната аукција. Последниот мерцедес од 1.400 примероци изградени во периодот од 1954 до 1957 година ќе биде ставен на аукција на 22 ноември. Имено, станува збор за автомобилот Fire Engine Red. Тој е со внатрешност од крем кожа и беше испорачан во САД на 27 септември 1957 година. Овој автомобил беше во рацете на четворица сопственици, меѓу кои и последниот кој го чувал повеќе од 25 години. Очекувањата за последниот Gullwing се тој да се продаде за помеѓу 2,5 и 3,5 милиони долари.…
Read More
Зошто автомобилските гуми се исклучиво во црна боја?

Зошто автомобилските гуми се исклучиво во црна боја?

Добро се знае фактот дека автомобилските пневматици имаат црна боја. Но, како да не се фокусираме на прашањето: Зошто е тоа така? „Одговорот е во производството. Автомобилските гуми се црни бидејќи на нив се додава саѓи, објасни реномираната германска организација за технички преглед TUV Nord.“ - пренесува autoblog.rs во врска со црна та боја. Од она што ние го знаеме, причината за таа црна боја на автомобилските гуми, се должи на додавањето на саѓи (или црн јаглерод). Тоа е фин прашок од јаглерод, кој има неколку клучни функции: Зголемена издржливост и отпорност на абење(трошење). Саѓи ја прават гумата поотпорна и…
Read More
Маглата може да биде особено опасна – Ова се најважните работи што мора да ги следите за безбедно возење

Маглата може да биде особено опасна – Ова се најважните работи што мора да ги следите за безбедно возење

Наближуваат студените денови, а со нив голема е веројатноста за маглата која може да се спушти на патот. колку е таа опасна и кои се најважните работи и „упатства“ кои треба да ги седите за безбедно патување? Видот е најважен кога се вози. Дури 90 проценти од информациите за тоа што се случува на патот се добиваат преку него. Пред да влезете во возилото и да патувате до вашата дестинација, важно е да ги проверите сите елементи и нивната функционалност доколку маглата е веќе спуштена на патот. Во тој контекст, добро прилагодените ретровизори... Новите бришачи и чистите прозорци се клучни,…
Read More
Поексклузивна верзија на култната „Isetta”

Поексклузивна верзија на култната „Isetta”

„Microlino" после многу проблеми започна со производство на електричната минијатура, а сега пристигна и поексклузивна верзија. Именувана како "Spiaggina" моделот е преработка на веќе постоечкиот. „Isetta" сега има верзија за на плажа и на местото на задните прозорци е поставен платнен покрив. Така, над линијата што ги дели сино-белите делови на автомобилот, остануваат само шофершајбната и рамката што го поддржува лесно преклопувачкиот покрив. Кабината на Isetta ќе биде обложена со „веганска кожа“ со водоотпорни карактеристики, а покрај оваа сино-бела комбинација, ќе бидат понудени црна и зелена боја. Двоседот го напојува електромотор од 17 коњски сили кој се напојува од батерија…
Read More
Во BMW наскоро ќе можете да играте игри

Во BMW наскоро ќе можете да играте игри

Многу производители на автомобили ќе овозможат играње видео игри на екранот на мултимедијалниот систем, а BMW е еден од нив. Passenger Play беше идеја на Тесла, а понатамошниот раст на екраните и нивната резолуција го направија имплементацијата на компјутерските игри неизбежна последица. Имено BMW во врска со овие игри, сега соработува со компанијата AirConsole, со седиште во Швајцарија. Таа нуди гејмерска платформа за пристап до вообичаени игри преку телевизори или мултимедијални системи во автомобилот. Самата контрола на игрите ќе биде можна преку спарен мобилен уред, а игрите ќе се водат директно од софтверот инсталиран во возилото. Од BMW велат дека…
Read More
Volkswagen смеша прсти и во земјоделието: Најавува пилот-проект со електрични трактори

Volkswagen смеша прсти и во земјоделието: Најавува пилот-проект со електрични трактори

Volkswagen има нова цел! Освен во Европа, Америка и Кина електрификацијата напредува и на други места. Имено, за земјоделство во Руанда "Volkswagen Group Africa" неодамна најави нов пилот-проект со електрични трактори. Преку проектот "GenFarm", целта е да се создаде поодржливо земјоделство без никакви емисии и без зависност од фосилни горива. Пилот-проектот што го најавува Volkswagen Group Africa во Руанда има за цел да ја унапреди електрификацијата на земјоделството преку користење на електрични трактори. Овој проект е дел од пошироката тенденција на премин кон одржливи технологии во земјоделството, која не само што има потенцијал да го намали влијанието на климатските промени,…
Read More
ВИДЕО: Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат

ВИДЕО: Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат

Некогаш фантазија, сега вистина. Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат. Процесот траел четири години. Тоа го вели холандската компанија Pal-V. А она што сеуште не е дозволено е да се лета, па засега автомобилот останува на земја само да се вози. Имено, овој летечки автомобил е наречен Liberty и би се рекло дека изгледа како мал хеликоптер и трицикл. Пропелерот е сместен над покривот. Има можност да постигне 160 километри на час обезбедени од 100-коњски мотор. За овој автомобил да може да полета, се користи двојно посилен мотор. Тој му овозможува да се искачи до 3.350 метри и…
Read More