23
Сеп
Своето патување, Nissan Patrol го започна во 1951 година. И денес останува теренска икона. И покрај тоа што нема да биде достапен во Европа, новата генерација на моделот, успешно прифатена во Азија и Америка, заслужува внимание. Новиот Nissan Patrol се одликува со маркантен дизајн и премиум карактеристики. Вклучен е моќниот V6 твин – турбо мотор, девет – степен автоматски менувач и адаптибилна воздушна суспензија. Со овие карактеристики Patrol е подготвен за сите типови на терен и услови на возење. Возилото има алуминиумски тркала од 22 инчи, високо растојание од подлогата и впечатлива V решетка. Внатрешноста е опремена со двојни колор…