АВТО НОВОСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ

Brabus со луксузни додатоци и модификации за Smart #1

Brabus со луксузни додатоци и модификации за Smart #1

Brabus - Германска компанија специјализирана за модификација и индивидуализација на возила, особено на моделите на Mercedes-Benz, Smart и други, подготви долга листа на опции за електричниот Smart #1. Истите можат ќе се додадат на возилото со цел да се подобрат неговите карактеристики или изглед. Се избираат сет на опции и додатоци кои ќе го прилагодат и персонализираат возилото според желбите на купувачот. Програмата за индивидуализација која се однесува за Smart #1 , започнува со аеро-пакет направен од висококвалитетен полиуретан. Имено ова е издржлив и лесен материјал кој често се користи за автомобилски делови поради неговата отпорност на оштетувања и добра…
Read More
Револуционерен соларен полнач за електрични возила

Револуционерен соларен полнач за електрични возила

Ефективното полнење на електрични автомобили со новиот соларен полнач е револуционерен производ и концепт, развиен од американската компанија GoSun Новиот соларен полнач се обидува на секој можен начин да го реши проблемот со полнењето на електричните автомобили. Истиот наликува на покривна кутија. Системот на соларни панели тежи 30 кг. Долг е 1,2 метри и широк 1,2 метри и е висок околу 10 см. Меѓу предностите, според Review HAK, се нагласува дека корисникот може да ја отвори кутијата и да ги расклопи соларните панели над автомобилот, кога истиот е запрен. Панелите можат да генерираат моќност од 1200 вати и тогаш кога…
Read More
Што се случува зад воланот на Aston Martin DBX 707

Што се случува зад воланот на Aston Martin DBX 707

Aston Martin DBX 707 е најмоќниот луксузен SUV со 707 коњски сили! На интернет наидовме на видео во кое можете барем за миг да се почувствувате дека вие ја возите оваа моќна луксузна убавица. Се разбира брзината е клучниот момент за адреналинска возбуда, а како тоа изгледа, погледнете во видеото подолу во текстот. https://www.youtube.com/watch?v=kiGXE5EWSYQ&t=1s
Read More
Феноменот „хипноза на патиштата“ – Возење во транс и спиење со отворени очи!

Феноменот „хипноза на патиштата“ – Возење во транс и спиење со отворени очи!

Феноменот „хипноза на патиштата“ - Возење во транс и спиење со отворени очи! Кога очите на возачот се отворени, но мозокот не го регистрира ниту анализира она што го гледа човекот. За жал се повеќе сме сведоци на сообраќајни незгоди. Се бараат причините за истите, а секако најчесто во прашање е невниманието на возачите. Но, што ако тоа невнимание е всушност ненамерно? Во контекстот, зборуваме за Феноменот наречен „хипноза на патиштата“. Имено овој термин најпрво е сретнат и објаснет во статија од 1921 година. Што е Феноменот „хипноза на патиштата“? Дали понекогаш ви се случило да стигнете до одредената дестинација,…
Read More
Поради падот на побарувачката, Porsche го намалува производството на електричниот Taycan

Поради падот на побарувачката, Porsche го намалува производството на електричниот Taycan

Актуелен е општиот пад на побарувачката на електрични возила. Поради таа причина, според одредени медиуми во Германија Porsche го намалува производството на целосно електричниот Taycan. И заедно со многу други електрични возила, моментално опаѓа и побарувачката за Taycan. Предвидено било Taycan да продаде повеќе од 40.000 единици во 2023 година. Но, новите извештаи од Германија велат дека очекувањата не се исполнети. „Фабриката во Куфенхаузен, каде што се произведува Taycan, наскоро ќе се префрли на една смена како одговор на помалата побарувачка од очекуваното. Порше преговара со локалниот работнички совет, а промената не се очекува да резултира со губење на работни…
Read More
Комбе кое не остана долго во производство – Носталгично низ историјата: Dacia D6 Estafette

Комбе кое не остана долго во производство – Носталгично низ историјата: Dacia D6 Estafette

Dacia D6 Estafette е лесно комерцијално комбе со погон на предните тркала, за прв пат претставено во 1959 година како Renault Estafette. Во договор со француската компанија, производството беше пренасочено во Романија. Дел од компонентите потекнуваа од фабриката на Рено. A овој модел на комбе долго 407 см, се продаваше на локалниот од 1975 до 1978 година пазар. Сепак, комбето не се задржа на пазарот на пиедесталното место. За четири години се составени само 642 Dacias. Повеќето од нив биле купени од поштата. Моторот и сите негови додатоци (освен куќиштето на пумпата за вода и филтерот за воздух) беа споделени…
Read More
Кружен тек – Сојузник или непријате? Правила за возење

Кружен тек – Сојузник или непријате? Правила за возење

Најдобро решение за регулирање на сообраќајот, според статистиката се вели дека е кружниот тек. Но, многу од возачите сметаат дека тој им е најголемиот непријател. Тие како да стравуваат дека засекогаш ќе останат внатре во т.н. маѓепсан круг, кој всушност и не е толку комплициран. Во продолжение наидовме на неколку совети, па доколку ги следите истите, гарантирано е дека нема да се загубите. На кружен тек, експертите тврдат дека нема сообраќајни незгоди, додека истите најчесто се случуваат на тие места каде има семафори. Како правилно да влезете и излезете од кружен тек? an aerial view of a highway intersection with…
Read More
Работи кои не смеете да ги оставите во автомобилот при екстремно високи температури

Работи кои не смеете да ги оставите во автомобилот при екстремно високи температури

Поради екстремно високите температури, експертите предупредуваат дека треба да се биде внимателен и кога станува збор за автомобилите и за предметите кои ги носите внатре. Некои можат да бидат опасни по здравје, а други можат да идат целосно уништени поради тие екстремно високи температури особено ако се изложени на сонце. Еве кои нешта треба да ги избегнувате. Шишиња со вода Особено е важно пластичните шишиња да се заменат со метални или стаклени. Затоа што изложеноста на сонце, би предизвикала ослободување на токсични хемикалии во пијалокот. Крем за сончање Поради жешкото време и високите температури, дури и кремот за сончање може…
Read More
Психологијата и автомобилите – Занимливи факти поврзани со изборот на боја на вашиот автомобил

Психологијата и автомобилите – Занимливи факти поврзани со изборот на боја на вашиот автомобил

Кога станува збор за боите и автомобилите, психологијата има вмешано прсти. Еве што велат психолозите во врска со изборот на боја за вашиот автомобил. Црн автомобил - Што значи изборот на оваа боја? Оние кои имаат црн автомобил или било која друга темна боја, се смета дека се луѓе со елеганција, со стил. Бел автомобил Белата зборува за вашиот префинет вкус. Според психолозите, вие може да се прилагодите на сите предизвици на патот. Сив автомобил Оние кои преферираат и ја сакаат сивата боја на автомобилот, се вели дека се внимателни и не сакаат да се истакнуваат во толпата. Ова се…
Read More
Тајната функција на потпирачите за глава во автомобилот

Тајната функција на потпирачите за глава во автомобилот

Често се мисли дека потпирачите за глава на возачкото седиште се всушност додаток кој ќе го направи возењето поудобно. Но, нивната улога е сосема друга. Потпирачите за глава во автомобилите имаат безбедносна цел, функција со што помагаат да во потпора при случај на судар. Ова може да ги ублажи несаканите ефекти како последица од немилиот настан... Може да спречи повреда на основата на вратот. Но, освен оваа примарна цел, постои и нешто друго. Латентната улога на потпирачите за глава, според експертите на Swansway Motor Group е истите да се користат како уред за бегство во итен случај. Доколку се случи…
Read More