Јапонските производители на автомобили, како Тојота, Нисан и Хонда, ја зголемуваат својата инвестиција во САД, обидувајќи се да избегнат високите царини што претседателот Трамп ги најави за увоз на автомобили од странски производители.
За време на неговиот прв мандат, овие компании потрошиле повеќе пари на лобирање… А сега планираат нови инвестиции во производство во САД.
Политиката на американскиот претседател се фокусира на стимулирање на домашното производство. На создавање нови работни места во САД. А ако странските компании не го прифатат тоа, ќе се соочат со високи царини. Овој пристап е дел од неговата стратегија да го намали трговскиот дефицит на САД и да ги заштити американските индустрии.
Меѓутоа политиката на Трамп на трговски протекционизам може да ја зголеми напнатоста меѓу САД и Мексико, особено кога станува збор за автомобилската индустрија. Јапонските компании, како Тојота и Нисан, користат фабрики во Мексико… За да произведуваат автомобили, кои потоа се изнесуваат во САД без да плаќаат високи царини. Тоа е благодарение на трговскиот договор НАФТА (сега USMCA). Трамп сака да ги стимулира странските компании да произведуваат повеќе во САД, а не во Мексико, и затоа може да воведе нови царини или промени во трговскиот договор. Ако Мексико не ги прифати новите услови, тоа може да предизвика економски тензии. За сега, трговските конфликти ќе се решаваат преку преговори и нови договори.
Повеќе околу некои детали прочитајте ТУКА.