Blog

Поексклузивна верзија на култната „Isetta”

Поексклузивна верзија на култната „Isetta”

„Microlino" после многу проблеми започна со производство на електричната минијатура, а сега пристигна и поексклузивна верзија. Именувана како "Spiaggina" моделот е преработка на веќе постоечкиот. „Isetta" сега има верзија за на плажа и на местото на задните прозорци е поставен платнен покрив. Така, над линијата што ги дели сино-белите делови на автомобилот, остануваат само шофершајбната и рамката што го поддржува лесно преклопувачкиот покрив. Кабината на Isetta ќе биде обложена со „веганска кожа“ со водоотпорни карактеристики, а покрај оваа сино-бела комбинација, ќе бидат понудени црна и зелена боја. Двоседот го напојува електромотор од 17 коњски сили кој се напојува од батерија…
Read More
Во BMW наскоро ќе можете да играте игри

Во BMW наскоро ќе можете да играте игри

Многу производители на автомобили ќе овозможат играње видео игри на екранот на мултимедијалниот систем, а BMW е еден од нив. Passenger Play беше идеја на Тесла, а понатамошниот раст на екраните и нивната резолуција го направија имплементацијата на компјутерските игри неизбежна последица. Имено BMW во врска со овие игри, сега соработува со компанијата AirConsole, со седиште во Швајцарија. Таа нуди гејмерска платформа за пристап до вообичаени игри преку телевизори или мултимедијални системи во автомобилот. Самата контрола на игрите ќе биде можна преку спарен мобилен уред, а игрите ќе се водат директно од софтверот инсталиран во возилото. Од BMW велат дека…
Read More
Volkswagen смеша прсти и во земјоделието: Најавува пилот-проект со електрични трактори

Volkswagen смеша прсти и во земјоделието: Најавува пилот-проект со електрични трактори

Volkswagen има нова цел! Освен во Европа, Америка и Кина електрификацијата напредува и на други места. Имено, за земјоделство во Руанда "Volkswagen Group Africa" неодамна најави нов пилот-проект со електрични трактори. Преку проектот "GenFarm", целта е да се создаде поодржливо земјоделство без никакви емисии и без зависност од фосилни горива. Пилот-проектот што го најавува Volkswagen Group Africa во Руанда има за цел да ја унапреди електрификацијата на земјоделството преку користење на електрични трактори. Овој проект е дел од пошироката тенденција на премин кон одржливи технологии во земјоделството, која не само што има потенцијал да го намали влијанието на климатските промени,…
Read More
ВИДЕО: Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат

ВИДЕО: Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат

Некогаш фантазија, сега вистина. Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат. Процесот траел четири години. Тоа го вели холандската компанија Pal-V. А она што сеуште не е дозволено е да се лета, па засега автомобилот останува на земја само да се вози. Имено, овој летечки автомобил е наречен Liberty и би се рекло дека изгледа како мал хеликоптер и трицикл. Пропелерот е сместен над покривот. Има можност да постигне 160 километри на час обезбедени од 100-коњски мотор. За овој автомобил да може да полета, се користи двојно посилен мотор. Тој му овозможува да се искачи до 3.350 метри и…
Read More
Audi затвора фабрика во Европа – Дали гигантот е во криза?

Audi затвора фабрика во Европа – Дали гигантот е во криза?

Повикувајќи се на состанок меѓу раководството и работниците, што подоцна го потврди автомобилскиот производител, Audi одлучи да ја затвори својата фабрика во близина на Брисел. Информацијата ја објави белгискиот весник L’Echo, пренесува biznispro. Извори кажуваат дека сепак нема да има затворање на работни места пред 28 февруари 2025 година. Тоа е датумот планиран за да се стави катанец на фабриката во Брисел. Меѓу другото се зборува и дека друг инвеститор ќе ја преземе оваа фабрика. Директорот за комуникации на Audi во Брисел, Питер Д’Хор, изјави дека разговорите со работниците за можни отпуштања се во тек.
Read More
ВИДЕО: Лада со 16 цилиндри

ВИДЕО: Лада со 16 цилиндри

Тимот на Garage 54 го инсталираше својот мотор V16 моторна пила во Lado(Лада). Тој го изгради моторот, составен од шеснаесет двотактни Hooter BS-62 моторни пили од 58 кубици. Откако го поставиле моторот, го тестирале автомобилот во гаражата, а потоа го тестирале надвор. V16, кој има зафатнина од 928 кубика и само 74 коњски сили, ја лансираше оваа продолжена Лада до 60 km/h за 26 секунди. https://www.youtube.com/watch?v=-e7kcMhILe0
Read More
Најавен Hyundai Ioniq 9

Најавен Hyundai Ioniq 9

Уште неколку електрични модели кои ќе ја користат својата платформа E-GMP за електрични возила ги подготвува Hyundai Motor Group. Loniq 9 е еден од нив, со три реда седишта и пристигнува следниот месец. Неговата премиера ќе биде на саемот за автомобили во Лос Анџелес. Имено тоа ќе биде сериска верзија на концептот Hyundai Seven, прикажан пред три години. Дијагоналните линии што го пресекуваат телото се инспирирани од Hanbok што всушност е традиционалната корејска облека... Се потенцира во најавата на Hyundai. Сеуште нема информации кои мотори ќе бидат понудени. А нема информации и за батериите. Сепак, се очекува по примерот на…
Read More
Анксиозноста како најголем непријател при возење

Анксиозноста како најголем непријател при возење

Дали во вашето опкружување имате некој кој постојано се грижи околу тоа кога излегува од дома дали ги исклучил сите електрични апарати? Или дали можеби вие сте токму тој случај? Овие навики можеби изгледаат безопасни, но во некои случаи, тие можат да бидат знак за подлабоки психолошки проблеми. Анксиозноста како најголем непријател при возење! Проверувањето како израз на анксиозност Доколку постојано се сомневате дали сте го заклучиле вашето возило, тоа мое да биде знак на голема вознемиреност. Во контекстот, психолозите тврдат дека овие луѓе се борат со зголемен страв од губење контрола. Тие често развиваат проверливо однесување што може да…
Read More
Само за колекционерите со џеб од три милиони долари – Реплика на Batmobile

Само за колекционерите со џеб од три милиони долари – Реплика на Batmobile

Веројатно на мноумина им е познат Tumbler или Batmobile. Тоа е легендарниот автомобил кој се појави во филмот за херојот Бетмен со Кристофер Нолан. Имено, компанијата Action Vehicle Engineering создаде верна реплика на Batmobile. Цената... Хм... Ситни 3 милиони долари. Па не е лесно да бидеш во кпжата на Бетмен и да бидеш зад воланот на овој уникатен модел. „Само 10 примероци на Batmobile се достапни за продажба, а секој од нив е придвижуван од LS3 6,2-литарски V8 мотор на GM, кој развива 532 КС и 660 Nm вртежен момент. Тој е поврзан со четиристепен автоматски менувач и доаѓа со…
Read More
Google со долг кон Русија од 2,5 квинтилиони долари!

Google со долг кон Русија од 2,5 квинтилиони долари!

Властите на Русија му пратиле казни на Google, но тие со години не биле платени од страна на компанијата. Па сега googlе очигледно е во тешка позиција. Проценет е износ од два секстилиони рубљи. Преведено во европски мерни единици, тоа изнесува околу 2,5 квинтилиони долари. Сето тоа затоа што најголемиот гигант во светот, со години не ги враќал сметките на про-Кремљ и државните медиуми. Имено причината е што You tube во сопственост на Google ги блокирал руските државни медиуми за поддршка на акциите против Украина. Од тука, 17 руски ТВ канали поднесоа тужби против гигантот. Се претпоставува или можеби е…
Read More