88 отсто од компаниите преживуваат – Зошто е тоа така и како до успешен бизнис? – Совети на Дејвид Финкел, успешен претприемач и автор

бизнис

Дејвид Финкел е име кое звучи навистина моќно и импозантно кога ќе го слушнат на Wall Street. Тој е еден до најуспешните претприемачи, а истовремено е и најпродаван автор на Wall Street Journal. Во неговата книга именувана како „Формула за слобода“, Дејвид нуди совети за тоа како до успешен бизнис и моќна финансиска состојба и сигурност, без да се преземе никаков ризик. Истиот често знае да го вклучи запоставувањето на семејството, здравјето, личниот живот. Од тука, светски познатиот автор и претприемач советува дека помалку работа, носи повеќе профит. Какво неговото објаснување и што треба да се направи за применувањето на оваа „практика“ да резултира со успешност?

Инаку, Финкел е деловен консултант кој го води својот бизнис веќе 20 години и тврди дека без разлика на работната позиција, тој го има идеалниот рецепт за да имате поголема слобода да го живеете вашиот живот, не само вашата работа. Финкел упатува како да ја се операционализира работата попаметно.

Burnout или Емоционална состојба на теренот.

Статистиката покажува дека во изминатите дваесет години, 88 отсто од компаниите преживуваат. Тоа е всушност резултат на тоа што сопствениците се постојано присутни и го водат бизнисот. Работникот е постојано под надзор, а исиот тој сопственик работи 52 часа неделно, понекогаш и повеќе од тоа. Скоро 57 проценти од нив работат шест дена во неделата, а над 20 отсто работат секој ден. Истото доведува до загрозени и уморни емоции каде сопствениците почнуваат да веруваат дека бизнисот им е шеф, а не обратно. Така, имаат чувство дека се заглавени, дека сите им висат на рамена и никогаш не им е доволен денот за да ги завршат сите обврски. Секогаш им недостасуваат часови за уште некоја обврска, што всушност и не е толку релевантна. Секако основната мисла им е дека ако тие не работат, последиците ќе бидат фатални и нивниот бизнис ќе пропадне.

Апро по, би издвоиле цитат напишан од Финкел:

„Секојдневно разговарам со сопствениците на компании кои се борат да продолжат напред. Тие работат и 80 часа неделно. Не спијат. Едвај го гледаат семејството. И повторно, и покрај сето тоа, имаат впечаток дека нема напредок и се блиску до точката на пукање и откажување. Би сакал деловните луѓе да бидат ретки во такви примери, но, за жал, не се“.

„Колку повеќе работите, толку повеќе размислувате и вашите мисли се порасфрлани“, вели Финкел. „Тоа сигурно води до лоши деловни и други одлуки. Ваквите одлуки нема да придонесат за напредок, туку ќе ве влечат да работите уште повеќе. Всушност, постои круг во кој се вртите и кој е негативен и од него мора да излезете“, пишува Финкел во својата книга The Freedom Formula.

Според овој автор, фундаментално е да најдете време за одмор. Логично според неговиот кажување. Но, проблемот лежи во тоа што овие луѓе (навидум рабохоличарите кои знаат што прават), всушност немаат поим на што да го трошат своето време и постојано се прашуваат како ќе успеат да се снајдат со хаосот што ќе го остават зад себе. За ова, авторот вели:

„Претрупани сте со мејлови, повици, итни интервенции, пораки. Сите тие се мали задачи кои трошат многу енергија и бараат многу време. И, на крајот на денот, клучната работа не е завршена, важните работи остануваат недовршени. Важно е: Треба да ви биде јасно што тој ден треба да направите за да излезете од маѓепсаниот негативен круг и така да ја подобрите вашата работа“, советува авторот. „Иако можеби одморот е луксуз, се покажа дека дава добри резултати ако квартално одите на мини одмор. Или, ако секој втор петок земате слободно време од работа или ако во некои денови останувате на работа до 17 часот и ја оставате работата недовршена (не грижете се, ќе ве чека следното работно утро)“, пишува Финкел.

Во основата на неговата книга и сеопфатно неговите совети, стојат приоритетите и нивното поставување. Да речеме дека имате 10 приоритети кои задолжително треба да ги завршите денес. Мора да знаете дека сигурно е ден од нив е најважен, па доколку го завршите него, тоа ќе ви даде полет во грб за да продолжите и со другите обврски да успеете во задачите.

Статиите на Дејвид Финкел месечно ги читаат над 100.000 луѓе заинтересирани за напредок во бизнисот.
-И не е тоа ништо тешко ниту комплицирано. – ќе поентира текстов кој се однесува за прашањето како до успешен бизнис.

Извор