Претприемач – човек кој постојано презема, дејствува, создава. Човек кој е способен и успешно цели кон успешен бизнис. Човек кој знае како во „деловниот кодекс“ и ги знае правилата на играта. Во брзото време кое го живееме и свет на лавина од конкуренција, се чини дека надежта умира пред и да се започне одредена визија, бизнис план, нацрт кој би стремел кон целта. Оние најуспешните бизнисмени, не се откажуваат и не ги заборават правилата на играта. Во прилог, прочитајте неколку цитати кои веруваме дека ќе ви отворат многу врати за понатамошно освојување на врвот.
„Морате да ги научите правилата на играта. И тогаш треба да играте подобро од кој било друг“.
„Уживајте кога можете, истрајте кога морате“. Јохан Волфганг Гете
„Не можете да ги поврзете точките гледајќи напред – можете да ги поврзете само со поглед наназад. Затоа, мора да верувате дека точките некако ќе се поврзат во вашата иднина. Мора да верувате во нешто – вашата интуиција, судбина, живот, карма, што и да е. Овој пристап никогаш не ме изневери и направи разлика во мојот живот“.
„Успехот е колку отскокнувате кога ќе го допрете дното“ – непознат автор.
„Се чини невозможно, додека не заврши.“ Нелсон Мандела
„Некои луѓе сонуваат за успех… додека други се будат и работат напорно за него, непознат автор“.
„Правете го она што можете, со она што го имате, таму каде што сте“ – Теодор Рузвелт
„Секогаш бидете свои, изразете се, имајте верба во себе, не одете наоколу барајќи успешна личност и не ја копирајте.“ Брус Ли
„Успехот се наоѓа во создавање придобивки за сите и уживање во процесот. Ако се фокусирате на тоа и ја прифатите оваа дефиниција, успехот е загарантиран“, Кели Ким
„Не дозволувајте стравот од губење да ја надмине возбудата од победата“ – непознат автор.
извор