Продажбата на автомобили во Европа е на загрижувачко ниво. Индустрија та бара да се преиспита забраната за продажба на автомобили со внатрешно согорување до 2035 година.
„Германија и Италија се приклучија на повикот на европската автомобилска индустрија до Европската унија да ги олесни целите за CO2 за автомобилите и да ја разгледа забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.“ – пренесува plusinfo.mk Имено, Адолфо Урсо, италијанскиот министер за индустрија вели дека земјата заедно со Германија ги поддржуваат другите земји во барањето за олеснување на стандардите за емисија на CO2 за автомобилите.
Порталот Еуроњуз пренесува дека тие ќе побараат и преиспитување на најавата на ЕУ. Најавата дека во 2035 година ќе забранат продажба на автомобили со бензински и дизел мотори. Предупредувањата на Урсо дека европската автомобилска индустрија ќе „колабира“ и „десетици илјади“ работни места ќе бидат укинати ако ЕУ не го промени курсот, изгледа се вистинити. Продажбата на автомобили во Европа е на загрижувачко ниво.
Повеќе прочитајте ТУКА.