Психологијата и автомобилите – Занимливи факти поврзани со изборот на боја на вашиот автомобил

боја

Кога станува збор за боите и автомобилите, психологијата има вмешано прсти. Еве што велат психолозите во врска со изборот на боја за вашиот автомобил.

Црн автомобил – Што значи изборот на оваа боја?

Оние кои имаат црн автомобил или било која друга темна боја, се смета дека се луѓе со елеганција, со стил.

боја

Бел автомобил

Белата зборува за вашиот префинет вкус. Според психолозите, вие може да се прилагодите на сите предизвици на патот.

Сив автомобил

Оние кои преферираат и ја сакаат сивата боја на автомобилот, се вели дека се внимателни и не сакаат да се истакнуваат во толпата. Ова се личности кои се рационални и прагматични.

Сина

Се вели дека најдобрите возачи имаат сина боја на автомобил. Патниците можат да бидат безбедни со овие возачи.

Зелена

Зелената е симбол на живот, на раѓање, на луѓе кои ја сакаат природата. Тука според психолозите, се мисли и на претендирањето кон мирот во сите аспекти на животот.

Црвената боја на автомобил

Приоритет на акцијата. Познато е дека црвената асоцира на страст, моќ. Возачите кои имаат ваква боја на автомобил реагираат брзо, самоуверени се и апстрахирани од страв. Интересно е што, психолозите сметаат дека црвените автомобили се најбезбедни затоа што се лесно се забележуваат во сообраќајот.

боја

Портокалова и жолта

Луѓето кои сакаат жолти или портокалови нијанси, се смета дека се екстроверти. Тие уживаат во секое возење, но веројатно и автомобилот им е нивното скриено катче во случај на емотивен колапс. дали слушаат музика додека возат на некој дождлив ден? Сигурно.

Розова или виолетова

Овие личности според психолозите сакаат да се истакнат и да се издвојат од толпата со тоа што нагласуваат дека се уникатни.

извор