Кинески „Мини“ – Mодел кој може да си го приушти секој

Кинески „Мини“ - Mодел кој може да си го приушти секој

Mini стана икона на светската автомобилска индустрија откако оригиналниот модел беше претставен во летото 1959 година. Но, потрошувачите не се задоволни токму поради неговата цена. Жалат што некогашниот Mini беше симбол на модел кој може да си го приушти секој. Сепак, постои и друга алтернативи за Mini. Имено станува збор за „кинески мини“. Моделот е достапен на Alibaba за само 3.077 евра

Наречен Shandong Keyu TC-T, овој кинески модел е електричен хечбек со пет врати и споделува многу визуелни карактеристики со оригиналниот Mini, како што се препознатливите тркалезни фарови. Широк спектар на бои е достапен за клиентите. А има и такви со двобојна каросерија.

kineski-mini

И покрај ова, ниската цена на TC-T значи дека има „тенка“ количина на стандардна опрема. Шандонг Кеју наведува дека моделот доаѓа со електрични предни прозорци, централна брава и LCD екран. – пренесува autoblog.rs

Сепак, кинескиот EV има голем недостаток во споредба со неодамна претставениот Mini Cooper Electric. Погонот го обезбедува електричен мотор од 3,5 kW, кој на кинескиот Мини му дава слични можности на Citroen Ami. Максималната брзина на моделот е ограничена на само 45 km/h, а максималниот опсег е помеѓу 80 и 100 km.

Повеќе детали за „кинескиот Мини“ погледнете ТУКА.