Acciona, добро познатитот шпанскиот производител на микроавтомобил и, лансира електричен двосед. Имено за неговата продажба е одговорен Nissan. Имено Silence S04 е наменет за помладите клиенти како и за попстарите кои во урбаните средини преферираат индивидуална е-мобилност независна од јавниот превоз. Овој микроавтомобил е долг само 2,28 метри, широк 1,27 метри, но висок 1,57 метри
Имено, постои незадоволство од страна на купувачите кога се во прашање микро електричните автомобили. Почетната верзија L6e во ЕУ може да се вози од возраст од 15 години, има максимална брзина од 45 км/ч и чини 11.995 евра. Побрзата изведба L7e може да достигне до 85 км/ч, но чини најмалку 14.095 евра.
Достапни се две дополнителни отстранливи батерии со по 5,6 kWh, кои во најдобро сценарио, заедно обезбедуваат автономија до 175 километри. Сепак, тоа ја зголемува цената и дополнително чини 2.750 евра.
Малиот Silence S04, несомнено овозможува лесно провирање низ тесни улички, а додека покаченото седиште и неговата положба нуди добар преглед. Што се однесува до ентериерниот дизајн, овој модел има соодветни седишта од „веганска кожа“ и аксесоари. Држач за паметни телефони и аудио систем со Bluetooth. Големината на багажникот е доволна за пазарење.
Сепак, цената е преголема за ваквиот автомобил, па според клиентите, Silence S04 веројатно не би преживеал многу долго на пазарот. Но, останува да видиме дали би се случило чудо со оглед на зголемениот маркетинг.