Возбудливата завршница на Рели Јапонија 2024. Елфин Еванс и неговиот совозач Скот Мартин со Toyota GR Yaris Rally1 Hybrid го освоија првото место . Тиери Неувил и Мартин Вајдаге (Hyndai i20 N Rally 1 Hybrid)станаа првите Белгијци кои ја освоија титулата светски шампиони во рели.
Историски успех за Невил и Хјундаи Неувил се соочи со бројни тешкотии. Mеѓу нив е и проблемот со турбо полначот на неговото возило во петокот. Сепак, со голема борбеност и ефикасна интервенција на тимот, тој успеа да го заврши релито на шестата позиција… Што му беше доволно да ја обезбеди титулата. „Ова беше огромно олеснување“, изјави Неувил, кој со овој успех испиша историја за Белгија. Тојота слави двојна победа На џрвот на подиумот се најде Еванс, а веднаш зад него беше Себастијан Ожие, исто така со Toyota GR Yaris Rally1 Hybrid, со што се потврди доминацијата на Тојота на домашен терен. Со овој резултат, Toyota ја освои осмата титула во конкуренција на конструктори. Сами Пајари во новиот GR Yaris Rally2 триумфираше во категоријата WRC2 што беше уште една титула за Тојота на ова рели.
Со неверојатни победи и историски моменти, Рели Јапонија 2024 се покажа како спектакуларен завршеток на оваа сезона. Тојота ја продолжува својата доминација, а Неувил го докажа својот шампионски дух. Очекуваме уште повозбудлива 2025 година.