Не ризикувајте дали вашата пратка ќе стигне безбедно на финишот – Осигурување при транспорт

транспорт

Важно е да се сфати дека она што го испраќаме ќе стигне безбедно до примателот. Во контекст на динамичното живеење би се потенцирала оваа важност и следствено би го нагласиле осигурувањето при транспорт.

За жал ризикот при пренесување на пратката, постои, а ваше е да го осигурате.

Осигурувањето при транспорт претставува сигурна инвестиција. А со тоа може да бидете спокојни при превозот и пренесување на стоки. Во контекстот релевантно е да се сфати ова вложување кое обезбедува сигурност за клиентот. Заштитата на превозниците, пратките и клиентите се оние нешта кои ги обезбедува осигурувањето при транспорт. Ги покрива ризиците при пренесувањето на стоки со туѓи или сопствени превозни средства.

транспорт

Предмет на осигурување се штетите што можат да се случат на стоката за време на транспорт. Овие штети можат да настанат поради сообраќајна незгода, пожар или експлозија, елементарни непогоди, кражба, како и оштетувања на пратките при натовар или претовар, вклучувајќи и оштетување на амбалажата.

Повеќе околу ова, прочитајте на веб страната на СН Осигурителен Брокер– лидерот на пазарот на осигурување во Македонија.