Научниците во Европа тврдат дека имаат псотигнато напредок во батериите за електричните автомобили. Во Белгија беше развиен прототип на батерија кој ветува значително поголема енергетска густина и поголем опсег – сето тоа со помали трошоци за производство.
Швајцарскиот федерален институт за тестирање и истражување на материјали (EMPA), учествуваше во Новата литиум-метална батерија. Ова може да го подобри опсегот на електрични автомобили. Истиот прототип, произведен во Белгија, нуди 1070 Wh/L, што е за 20 отсто повеќе од густината на енергијата што ја постигнуваат денешните батерии, според HAK Review.
Течниот електролит се заменува со цврст материјал, што овозможува поголема ефикасност во новата батерија. Иновацијата за многу брзо би можела да ги направи конвенционалните литиум-јонски батерии застарени. Токму на тој начин би ја подигнала електромобилноста на ново ниво. Проектот на ЕУ SOLIDIFY воопшто не бил лесен и траел со години. Најтешкиот процес бил да се најдат вистинските материјали и технологии. „Имено, батеријата SOLIDIFY користи густа катода со висока енергетска густина изработена од никел, манган и кобалт и литиумска метална анода и цврст електролитски сепаратор со тенки профили.“ – пренесуваат медиуми.
Ова се вели дека е технологија на иднината која многу брзо и наскоро ќе стане реалност. Меѓу другото, на пазарот на батерии доминираат Кинезите, Корејците и Јапонците.