Форд вети, но не исполни: „ Електричното производство на автомобили не е добро за нашиот бизнис

форд ford

Светски познатиот гигант – Ford (Форд), признава дека е премногу амбициозен во поглед на својата вложеност кон продажба на електрични возила. Веројатно плановите се далеку од реализирани и нивната визија дека не изгледа онака како што ја замислиле.

„Мислам дека клиентите го кажаа своето мислење и ни рекоа дека тоа е премногу амбициозно. Не мислиме дека целосното електрично производство до 2030 година (за Европа) е добар избор за нашиот бизнис… Или, особено, за нашите клиенти.“ изјави извршниот директор на одделот Модел Е на Ford, Марин Ѓаја, во интервју за Autocar.

ford

Имено назад во 2021 година, компанијата ги имаше споделено своите планови кои ветуваа дека ќе ја ја направи својата европска флота електрична до 2030 година. Но, ова е втор пат, Форд да изјави дека ќе ги забави своите планови.

„Доколку забалежиме голема побарувачка, на пример за plug-in хибридни возила, ќе ги понудиме“ – стоеше во изјавата во мај за Automotive News од управниот директор на Ford of Europe, Мартин Сандер.

Зголемените трошоци се главната причина за неодамнешното одложување. Во моментов, Ford продава само два електрични модели во Европа, Explorer EV и Mustang Mach-E.