Како да го заштитите вашиот автомобил од кражба

Според истражувањата, во 2023 година евидентирана е голема бројка на кражба на автомобили. Популарните модели секако беа целна група на крадците. Така возачите бараат решение за ваквиот проблем, односно прашуваат за конкретна заштита.

Имено на интернет сретнавме еден текст во кој се нудат токму такви совети. На оваа тема зборува поранешен полициски советник за Nextbase, Бен Пирсон. Пирсон вели дека возачите можат да го заштитат својот автомобил така што ќе го отежнат пробивањето со неколку т.н. стратегии:

Денешните крадци се добро обучени. Но, ако имаат полесна цел во близина, многу е поголема веројатноста дека ќе си ја пробаат среќата со тоа возило и ќе извршат кражба на тоа место. Што во превод би значело дека е добро да го паркирате вашиот автомобил во близина на таа полесна „таргетна“ цел. Малку злобно, но вистинито.

кражба

За да го заштитат својот автомобил, Nextbase им препорача на возачите да инвестираат во додатоци како што се стегите за тркалата или штитниците на воланот.

Друг начин на кој возачите можат да го заштитат своето возило е да внимаваат каде паркираат, дури и ако го напуштаат автомобилот само на неколку моменти.

Оставањето на возилото на прометно или добро осветлено место ќе ги зголеми шансите криминалците да бидат забележани, што ќе ги направи помали шанси да се обидат да провалат.

Конечно, Nextbase ги советуваше возачите да избегнуваат да го покажуваат својот автомобил на социјалните мрежи и други платформи каде што потенцијалните крадци можат лесно да го забележат, пренесува Express.

За крај, најдобриот совет е да го осигурате вашето возило, затоа што ризикот колку и да го занемаруваме секогаш постои.