„Дизелите и бензините се практично неопходност“ – Норвежаните ја повлекоа забраната за продажба на вакви нови автомобили

Норвежаните

Повлекување на забраната за продажба на нови автомобили на бензин и дизел од 2025 година – Норвежаните се премислија

Пред некое време, Норвешка имаше донесено одлука дека од 2025 година, ќе може да се продаваат само електрични возила. A автомобилите со внатрешно согорување, ќе бидат практично забранети.

Меѓутoа, деновиве, норвежаните се пемисилија и ја повелкуваат таа забрана. Извршниот директор на Информативниот совет во здружението Oppplysningsrådet för Veitrafiken, за ова ќе нагласи:

-Сè уште постои група возачи и служби на кои од различни причини им треба нешто друго освен електричен автомобил.

Норвежаните

Истата, норвешката асоцијација која ги обединува операторите за патен транспорт, Oppplysningsrådet för Veitrafiken, ја поздравува одлуката бидејќи има групи за кои дизелите и бензините се практично неопходност.

Имено, според списанието HAK, Норвешка е светски лидер во електричните автомобили и повеќе од 80 проценти од сите нови автомобили се електрични. На норвешките патишта има повеќе од 800.000 електрични автомобили.

Сепак, секој што сака да купи автомобил со бензин или дизел, сепак ќе може да го направи тоа во Норвешка. Не е јасно кога ќе се спроведе забраната.