Сеуште постои верувањето дека жените не се баш добри шофери. Митот продoлжува да се пренесува од генерација на генерација, но дали навистина е тоа така? Што се крие точно зад таа приказна, која всушност веројатно е само приказна.
И тука некаде, во обидите жените да се докажат во сите индустрии, во историјата на автомобилската индустрија, наидовме на интересни факти. Станува збор за автомобили кои всушност се измислени од нив. Од жените.
Имено, ако добро проверите низ историјата која денес и тоа како достапна на социјалните мрежи и интернетот е место во кое навистина може се да научите, ќе сретнете жени астронаути, пилоти и дами кои впрочем се занимаваат со навистина комплицирана и тешка, веат „машка“ работа. Веројатно дојде време, стереотипот дека жените не се добри шофери да се елиминира. Освен тоа, дали сте знаеле дека многу безбедносни карактеристики кои се наоѓаат кај еден автомобил, се измислени од жени?
Овие 4 иновации измислени од жени, ја потврдуваат нивната комплетна инволвираност и во автомобилската индустрија и претставуваат револуција во истата.
Бришачите за шофершајбни
Мери Андерсон е дамата која стои зад денес неопходните бришачи на шофершајбни. Мери била на извесно патување во Њујорк и она што го забележала таму е дека возачите на трамваи тешко се снаоѓале со мразот на прозорците. Она што и паднало чудно, а истовремено ја поттикнало оваа дама да дојде до револуционерна идеја е фактот што шоферите морале често да ги отвораат прозорците за да го исчистат мразот. Токму вака започнала и приказната. Андерсон стигнала до брилијантна идеја без која денес не може да се замисли еден автомобил. Имено, оваа жена се инспирира да направи и дизајнира уред кој ќе отстрани снег и дожд од шофершајбната со рачна рачка од внатрешната страна на возилото.
Автомобилите сеуште иле ретки во 1903 година и тие биле луксуз кој секако не можел да си го дозволи секој, но таа го патентираа својот производ, за потоа во 1913 година, истиот започнал да станува комерцијален. Денес Бришачите за шофершајбни се корисен неминовен „аксесоар“ на возилото без кој не можеме.
Жмигавец и сопирачки светла
Флоренс Лоренс била актерка во почетокот на 20 век. Во нејзината кариера има учествувано во скоро 300 филмови, па со заработката можеа да си дозволи свој автомобил. Откако ја развила страста кон возењето, започнала да ги проучува и безбедносните мерки. Доги години експериментирала во поглед на измислување на некоја иновација што ќе помогне во сообраќајот, па така Лоренс го измислила првиот механички сигнал при вртење и механичкиот сигнал при сопирање во 1914 година. За жал, таа не ги патентирала својот пронајдок. Иако овие уреди станаа суштински за секојдневната безбедност на патиштата, никој не знае дека всушност потекнуваат од идејата на една дама.
Грејач во автомобили
Во 1893 година, Маргарет Вилкокс, машинскиот инженер, внесе револуција со своето изумување – грејачот на автомобилот. Оваа генијална идеја овозможи на возачите од 19-иот век да уживаат во топлина дури и во најладните денови. Од тогаш, грејачот е неизоставен дел од секое возило, постојано модифициран и подобрен за да ги задоволи потребите на модерното и светските трендови во сообраќајната култура.
GPS
За многумина можеби ќе биде изненадување да дознаат дека австриската актерка и светска икона за убавина, Хеди Лемар, стои зад првичните концепции на современиот GPS. Во времето на Втората светска војна, Лемар и нејзиниот колега, Џорџ Антејл, вклучени во развој на технологија за безжичен пренос која играше клучна улога во борбата против нацистите. Нивната иновација, со манипулација на радио-фреквенциите, осигуруваше сигурност на тајните кодови од откривање од страна на непријателите.
Иако оваа технологија беше патентирана уште во 1941 година, не привлекуваше големо внимание сè додека не се појави дигиталната ера. Најзад, откритијата на Лемар станаа основа за развој на современите технологии како Wi-Fi, CDMA и Bluetooth, што денес се неизоставен дел од нашиот секојдневен живот.