Ворен Бафет, еден од најпознатите инвеститори во современото живеење, не само што го поставува стандардот во светот на финансиските пазари, туку исто така ги потенцира вредностите на финансиската мудрост. Неговиот цитат: „Некој денес седи под сенка, бидејќи некој пред долго време засадил дрвце“, не само што ја означува неговата филозофија за инвестирање, туку и инспирира да се размисли за вредноста на долгорочното планирање и финансиска одговорност.
Бафет не е само симбол на еден успешен инвеститор, туку и модел на инспирација за сите кои се занимаваат со финансии. Неговата мудрост ги надминува бројките и графиконите на берзата, потсетувајќи дека стабилноста и сигурноста на нашите финансии се резултат на долгорочната грижа и планирање.
Во продолжение прочитајте и други цитати од Бафет и слушнете ги нговите совети:
-Цена е она што го плаќате. Вредност е она што го заслужувате.
-Ризикот настанува во ситуациите кога не знаете што правите.
-Правило број 1: Никогаш не губете пари! Правило број 2: Никогаш не го заборавај првото правило!
-Инвеститорите денес не профитираат од вчерашниот труд.
– Дериватите се финансирано оружје за масовно уништување.
–„Далеку е подобро да се купат акции во добра компанија по фер цена отколку да се купи фер компанија по добра цена“ – писмо до акционерите од 1989 година.
–„Најлошиот вид на бизнис е оној кој брзо расте, бара значителен капитал за да го поттикне растот, а потоа заработува малку или воопшто не заработува“ – писмо до акционерите од 2007 година.
–„Само кога плимата ќе исчезне, ќе дознаете кој ја препливал“ – писмо до акционерите од 1993 година.
Ворен Бафет не е само финансиски стратег, туку исто така ментор кој нè потсетува дека мудроста и инвестираното време се клучни елементи за постигнување на финансиска сигурност.