Експертите загрижени – Енормно се троши! Како до правилна заштита на финансиите и во што да се инвестира

Во време на зголемени трошоци и високи каматни стапки, експертите ја изразуваат својата загриженост дека многу луѓе се изложени на ризик од финансиска криза. Животот станува поскап, а за да се носиме со тие непрестајно растечки трошоци, многумина се во опасност од прекумерно трошење и долг.

„Ако продолжите да трошите како пред да пораснат каматните стапки или пред секојдневните работи да станат поскапи поради инфлацијата, неизбежно ќе влезете во спирала на прекумерно трошење и долгови“, вели Хилари Сејлер, основач на фирмата за финансиска писменост Financial Footwork. Како експерт во оваа област таа го споделува советот со клиентите кој вели дека треба да се избегнуваат задолжувањата по секоја цена, да се приспособат потрошувачките навики и ја нагласува заштитата како приоритетна во современиот т.н. финансиски ролеркостер. Прекумерното трошење може да биде портал кон финансиска криза, а многу луѓе го игнорираат тоа правило на своја штета.

И во крајна линија, Сејлер препорачува заштеда како прв приоритет.

Како основен фокус во оваа конотација е осигурувањето што од своја страна претставува инвестиција, а не финансиски трошок. Осигурувањето е еден од најважните аспекти на оваа заштита. Изборот на правилна полиса на осигурување претставува инвестиција во вашата финансиска сигурност. Во овие неизвесни времиња, осигурувањето е она кое ќе ви овозможи мир на душата и заштита од неочекувани случувања. Компаниите за осигурување нудат различни полиси што ви овозможуваат да го прилагодите осигурувањето според вашите потреби и буџет.

Изборот на полиси е голем и компанијата ќе ви овозможи прилагодување на вашиот буџет. Основно е да го цениме она што го имаме, да трошиме помалку од она што го добиваме за да имаме секогаш, да не должиме беспотребно и да бидеме заштитени. 

Сејлер ја поддржува идејата дека заштедата и контролата врз трошоците се клучни елементи за финансиска сигурност и благосостојба, особено во сегашната економска средина каде трошоците растат и ризиците се сѐ повозможни.