ОЛДТАЈМЕРОТ ПОВТОРНО АТРАКЦИЈА ВО ГЕРМАНИЈА, НО ИМА ПРАВИЛА И ЗА ТОА!

Се чини дека сѐ повеќе од жителите во Германија сакаат олдтајмери. Но, сепак и овој автомобил има старосна граница, па затоа германците имаат и одредени правила кога се во прашање неговите години. Поконкретно, во изворниот текст е нагласено: „Колку автомобилот треба да биде стар за да можете да го возите?

Биле регистрирани 846.562, на првиот ден од оваа година што е за 6,7 отсто повеќе од 12 месеци претходно, пренесува германската новинска агенција (dpa). Податоците кои зборуваат дека на германските патишта има сѐ повеќе олдтајмери се според податоците на Федералната управа за моторни возила.

Повеќето од олдтајмерите, околу 750.000, се патнички автомобили. Тие беа за 6,9 отсто повеќе отколку на 1 јануари 2022 година.

Кој е всушност винтиџ автомобил и дали тој е во состојба да се вози?

Се поставија многу прашања околу тоа дали овие автомобили се исправни да се лансираат на германските патишта. Така, се одговори на прашањето: „Зошто автомобилите од 70-тите и 80-тите не завршуваат во отпад?“

Во тоа време имало значително повисоко производство, се вели од управата, а денес доколку возилото „помине“ на технички преглед и се констатира дека истото е во добра состојба, може да се регистрира и да се нарече „винтиџ автомобил“.

Сепак има дефиниција, па според истата возилото може да биде регистрирано, но условот е да не биде постаро од 30 години во визуелна и секако техничка состојба. Мора да биде што поблиску до првобитната состојба, а сепак да може да се прилагоди на т.н. денешен тренд.

Секако, освен автомобилите, на оваа листа на олдтајмери се придружуваат и мотоцикли (20.300), локомотиви и трактори (25.500), камиони (40.100),