Планот Б: Клучот за превенција на животни непогоди и финансиска сигурност

Последиците од непредвидените настани можат да бидат катастрофални, а финансиската нестабилност е нивниот главен соучесник кој сериозно може да го спречи вашето животно „патување“.

Како да се намали емотивниот стрес и финансиската несигурност во моменти кога ризикот навистина се случува?

Свесно или несвесно, понекогаш граѓаните создаваат слика за себе што е далеку од реалноста кон која се стреми. Таа слика всушност не го вклучува круцијалниот момент каде планот Б мора да стигне до целта.

Што подразбира планот Б?

Планот Б треба секогаш да го имаме. Резервната „фуснота“ во џебот што ќе го преведи она што некогаш не можете да го направите. И тогаш кога терминологијата се заменува со непредвидливи настани, кои ќе ве спречат на патот до успехот, се имплицира планот Б. Всушнсот, планот Б е осигурувањето кое го штити првиот, вториот, па дури и последниот чекор. Никогаш не се знае кога може да настане една бура. Затоа особено е важно да имаме на кого да се потрпиме како релевантна основа пред воопшто да се започне со реализација, на било каква креација, животен или бизнис план.

Дали треба да изгледа како да живееме бесцелно и што навистина е значајно во нашиот секојдневен живот или што оставаме зад себе?

Според проценките, за среќа осигурителните компании и брокерските друштва работат на континуирано подигање на свеста околу прашањето за осигурувањето и тие се главните „виновници“ за растот на осигурениците.

„Нашите клиенти зборуваат за нашиот успех, а за нас успех е ако тие се задоволни од нашите услуги“- тврдат компаниите и дополнително разговараат околу нивните услуги: „Забележан е значителен раст на трендот за осигурување и граѓаните се свесни за последиците. Особено е популарно здравственото приватно осигурување, кое сметаме дека се истакнува како примарно токму поради хаосот кој го предизвика пандемијата КОВИД 19. Тогаш, граѓаните ја сфатија круцијалната страна на она што ние го претставуваме и разбраа дека осигурувањето не е трошок туку инвестиција. “

Своевремено од особено значење е следењето на светските трендови во поглед на новитетите и постоењето на нови видови на ризици. Од тука, се зголемуваат прашањата, а се нудат и одговори на осигурениците за соодветна заштита.