ГЕРМАНИЈА ВЕРОЈАТНО ВЕЌЕ Е ВО РЕЦЕСИЈА СПОРЕД БУНДЕСБАНК (германски: Deutsche Bundesbank) е централната банка на СР ГЕРМАНИЈА и членка на Европскиот систем на централни банки.
Според централната банка на Германија, таа е веќе во рецесија. Имено, според нив, германскиот „тековен период на слабост“ може да трае подолго од очекуваното. Deutsche Bundesbank предупреди дека можеби во рецесија е веќе западната најголемата европска економија. Истото, најповеќе се должи на штрајковите и падот на странската побарувачка, на градежната активност и други фундаментални фактори кои влијаат на оваа ситуација.
Имено, во последниот квартал од 2023 година, забележан е пад на економијата во оваа земја од 0,3 отсто. Токму од оваа проценка, излегува евидентното предупредување.
Централната банка (Deutsche Bundesbank) извести дека во првиот квартал, ќе останат стрес – факторите. Тоа во превод би алудирало на констатацијата дека „во првиот квартал од 2024 година, би можело повторно благо да се намали економското производство“.
Релевантно е да се забележи дека големиот пад на економијата, првенствено се должи на моментно актуелното прашање кое од своја страна го потенцира падот на градежништвото или падот на ајктивностите поврзани со градење на куќи. Германските станбени проекти паѓаа со брзина на светлината или со најбрзо темпо во 1999 година. Тоа е причината што падна индексот на менаџери за набавка на градежништво (HCOB Германија (PMI). Ситуацијата ескалира поради доживувањето на до сега најниско ниво на паѓање во последните три години во 2023 година во октомври.
Изгледа дека пандемијата сеуште има удел
Пандемијата го изигра соето хорор сценарио кое изгеда дека го креира и денес. Неколку клиенти сеуште се соочуваат со лошите последици кои ги остави ковид19 и истите влијаат и на делот поврзан со финансиите, бизнсисот, домаќинствата и ивотот воопшто. Крахот се почувствува токму поради оваа „бура“ и тому затоа и инвеститорите кои вложуваа во нови проекти, гледаа како таа постапка станува бавна и развлечена. Според Килскиот институт за светска економија (IfW), во годината што измина (2023), паднаа и цените на куќите, најповеќе од 1960 – тите.
Се предизвика и одолговлекување, одложување и откажување на повеќе проекти што беа во тек. Причината евидентира зголемување на каматните стапки од страна на Европската централна банка (ЕЦБ), што го поскапи капиталот.
Падот сеуште влијае и врз цените на енергија во Германија, затоа што земјата продолжува да има последици поради војната на Русија и Украина. Моменталната коалициска влада во Германија понуди алтернативно решение и излезе со пакети за цени што би помогнале во таа поддршка на индустриите поврзани со производтсво на енергија. Но, сепак долгорочниот позитивен ефект на мерките, сеуште не е ни на повидок.
Буџетската криза е уште еден фактор плус за констатцијата на ансловот (дека можеби земјата е веќе во рецесија), според фактот дека неодамна ненадејно, германската влада откри шокантна информација. Имено беше откриено дека недостасуваат 60 милијарди евра за нејзините цели за зелена транзиција. Токму замрзнувањето на трошоците и оваа буџетска криза, уште повеќе го евидентира фактот дека се наѕира или веројатно е евидентна целата криза во Германија.
Поострите сметки за енергија за време на зимата, земјоделците кои протестираат против отфрлањето на земјоделскиот дизел, штрајковите во секторот на авиокомпаниите и откажаните летови, или повисоките трошоци за одмор, се уште едни фактори и последици со кои германците сеуште се соочуваат или чие влијание е потенциранио најповеќе сега. Меѓу останатото, забележан е значителен пад на индустриската побарувачка.
Целокупното расположение во државата и навиките акцентираат претпазливост и се насочени кон разочарување, но сепак главниот фокус на Бундесбанката е кон вербата за посветла иднина. Имено, Централната Банка до некаде и уверува дека, рецесијата можеби се наѕира, но сепак доколку се случи ќе биде многу плитка, не би предизвикала огромни штети и предвидува брзо закрепнување на Германија.