Енцо Ферари – Познато историско име и таткото на светски популарната марка, автомобил Ферари. Неговиот амбициозен пристап кон стекнување на огромно богатство на кое му завидувале многумина, го направил овој човек еден од најистакнатите имиња од, би рекле, автомобилската елита. Имено овој амбициозен милионер имал буквално се што ќе посака, а најдоброто е тоа што го имал сето тоа работејќи го она што го сака. Се вљубил во тркачки автомобили уште на својата прва автомобилска трка и убедливо ова добро познато историско име во автомобилскиот свет, знаел што сака.
Што се однесува до неговиот приватен живот, Енцо Анселмо Ферари имал многу бурен живот. Од некој добро познат машки аспект, човеков имал се. Ја имал секоја девојка што ќе ја посака и секако би опкружен со автомобили. Се верува дека оженил проститутка, а понатаму водел и паралелен живот. Сепак, се верува и дека како стареел имал една слаба точка. Тоа било клаустофобијата, поради која Енцо никогаш ен се возел со авион и не употребувал лифт. Според некои пак други извори, Енцо и покрај тоа што го измислил најбрзиот тркачки автомобил во светот, а и покрај таа клаустофобија, возел и бил вљубен во MINI. Фактот е дискутабилен, но сепак е факт, затоа што фотографиите оставаат траги кои ја потврдуваат приказната и љубовта помеѓу таткото на Ферарито и MINI.
Енцо се восхитувал на иновациите на MINI и покрај тоа што бил основач на една од најлегендарните автомобилски брендови во историјата. Го ценел фактот дека дури и како прилично висок човек (околу 1,87 m) лесно можел да се вклопи во автомобилот MINI. Исто така, бил фасциниран од погонот на предните тркала, особено во тешки, зимски услови. Кога овој неверојатен автомобил дебитирал во спортска верзија, Cooper, било само прашање на време кога ќе го добиел. Досега не е познато колку автомобили MINI поседувал Енцо Ферари. Едно од нив, бил моделот Cooper 11000 S. Нешто подоцна, MINI Cooper 1300 S завршил како подарок за неговиот син. Автомобилот бил модифициран на неколку начини, а најочигледна и впечатлива промена, беа светлата за магла поставени под фаровите на автомобилот, специјалните седишта, како и неколку дизајнерски елементи кои го истакнаа тркачкиот карактер на автомобилот.
Интересно е што Енцо тврдел дека црвената боја асоцира само и само на неговиот бренд Ферари, па откако MINI бил обоен во црвена боја, веднаш се вратил на неговата металик сива. Но, во текот на годините, овој модел на MINI бил обоен повторно префарбан во црвена боја, а и моторот на самиот автомобил бил изменет со зголемена брзина на околу 153 km/h.Џузепе Навоне ја освоил титулата „Mille Miglia“ во 1948 година возејќи Ферари 166 С, а подоцна бил сопственик на моделот,
Познатиот автомобил MINI, наводно, сè уште се користи денес, што само зборува за квалитетот на наследството на MINI кое трае со децении.