Инфлуенсерката која го промени светот на автомобилите: Нова платформа за тргување со колекционерски возила

Кога станува збор за влијанието на автомобилската индустрија од страна на интернетот, светот препознава една девојка која навистина успеа во својата намера како најпозната инфлуенсерка во овој домен. Имено станува збор за Александра Хирши, која го води својот инстаграм профил под името Суперкар Блонди. Хирши е од Дубаи и креира возбудливи видеа со луксузни авомобили уште од 2017 година.

Оваа „блонди“ шармантна девојка, ја следи милионска публика и изгледа дека знаела каде и како да ги погоди клиентите, особено оние од посилниот пол. Страста кон жените и страста кон автомобилите и луксузот. Има нешто во овие две нешта, па така Александра се истакнува со неверојатна бројка од 54 милиони корисници кои го следат нејзиниот фејсбук профил, и по 18 милиони следбеници на нејзиниот тик ток профил и јутјуб канал.

Она што е интересно како информација, е тоа што Александра веројатно умее во бизнис светот, па дојде до идеја да ја искористи гледаноста. Имено инфлуенсерката, ќе ја користи популарноста за да продава автомобили за колекционери. Хирши основа платформа за наддавање под името СБИкс Карс, на којашто заинтересираните купувачи ќе се натпреваруваат со највисока сума за суперспортски автомобили, колекционерски автомобили, олдтајмери.

СБИкс Карс располага со возила што вредат преку милиони евра, а таа е само на почеток. Ретки се примероците како Мерцедес АМГ Уан или прототип на Хајмерион ИксП-1. Суперавтомобилот со погон на водород располага со 2.000 КС. Од ЛаФерари, што е произведен во 499 примероци, Блонди има дури три примероци за продажба. Секое од овие возила чини најмалку еден милион.
Имено директор на СБИкс Карс е Ленс Батлер, познато име кога е во прашање автомобилската сцена. Онлајн-наддавањата ќе траат меѓу седум и 14 денови. Заинтересираните можат да ги погледнат возилата на видео или на самото место.