Една нова приказна: Низ Арабиската пустина над 1000 километри мина Мерцедес Вижн

За да се докаже марката на автомобилот, секако дека е важна штедливоста. Со тоа, може да се пофали мерцедес кој познато е дека изработува скапи автомобили, а секако и квалитетни. Овој пат зборуваме за една нова ера, ново време каде електричните автомобили го држат пиедесталното место.

Имено, главна преокупација и врвна це од страна на инженерите на Мерцедес е како да постигнат најниска можна потрошувачка на енергија кај електричен погон. „Наспроти 20-на киловатчасови на сто километри, колку што троши електричен СУВ од средна класа, електричната техно-носителка Вижн И-Кју-Екс-Екс минува сто километри со само 7,4 кВч.“– пренесува automeida.mk.

И оваа приказна како и многу други започнува или ја има својата генерална проба на Арапската пустина како омилена сцена каде се тестираат марките на автомобили од страна на автомобилските инженери. Ако некој модел се докаже на пустината и успее таму според прогнозите и планот од страна на „креаторот“, тој би успеал сегде. Така и со електричниот погон, и со Мерцедес-Бенц.

Без дополнување батерија, Мерцедес Вижн И-Кју-Екс-Екс(Подвижната лабораторија), извозија тура  од преку 1.000 километри. Електро-Вижн потроши 7,4 кВч/100 км На тура што содржеше и возење во густ градски сообраќај и возење низ пустина. Токму сооддејствува на автомобил кој кој троши 0,9 литар бензин на сто километри. Неверојатното е што при температура до 34 степени Целзиусови, Вижн И-Кју-Екс-Екс потроши помалку од кога било досега.

Патот долг 1.010 километри беше извозен за 14 часови и 42 минути.

Клима уредот цело време бил вклучен и тоа одземало само малку енергија, затоа што се користи топлинска пумпа. Тоа е усовршен вид на топлинска пумпа, што Мерцедес ја вгради во Концепт ЦЛА Класа од салонот ИАА во Минхен лани.

Техниката што работи во Вижн И-Кју-Екс-Екс ќе се користи во идната генерација е-модели, односно тоа е новата платформа ММА.