Животните стратегии во пракса – Совети од експерти за осигурувањето како прв чекор кон нивна имплементација

Визијата и плановите за иднината се фокус на секој поединец. На индвидуална основа, секој има одреден план за патеката што треба да се следи за постигнување на одредена и зацртана цел. Некои имаат скромни амбиции, додека други се осмелуваат на големи предизвици. Но, земајќи ја во предвид надежта и вербата во себе, обично сметаме дека ќе ги оствариме нашите планови. Дека ќе создадеме иднина без притисок и препреки. Сепак, дали треба да бидеме толку сигурни?

„Каде е тука ризикот и колку истиот треба да се имплементира во живеењето?“ Прашањето е многу поголемо и разгледано е од страна и на психолози!

Зошто се оддалечуваме од нашите стравови и кои можат да бидат последиците од нашата неодговорност? Од тука, според осигурителните компании, необрнувањето внимание на ризикот, веројатно е неодговорен пристап. Круцијално е да се истакне дека осигурувањето е фундаментален дел од секојдневието, па од тука е свесноста за сето она што следи. Имено, одличната вест е во податоците во нашата земја. Истите зборуваат и покажуваат дека во Македонија продолжува трендот на раст на осигурителниот пазар. Се повеќе од граѓаните ја разбираат важноста на оваа „проблематика“. Според многу испитувања, како кај нас и на светско ниво, најмудрата одлука штом станува збор за штедење и инвестирање, е вложувањето во вашата заштита.

Што би значело тоа?

Според експертите, најважното нешто за да успееме е всушност обезбедувањето на нашиот спокој. Кога човек се чувствува заштитен, поголема е веројатноста да успее, отколку кога е во неизвесни ситуации.

Зачувувањето на фокусот кон животното осигурување, е значајна пракса што треба да биде вклучена во реализација на многу планови. Тука се истакнати и мислењата на психолозите кои велат дека свесноста за можните ризици и фактот дека доколку истите се случат, ќе имате каде да паднете и на кое рамо да се потпрете, значи зрел и подготвен пристап. Со ова ја поттикнувате амбицијата и станувате похрабри кон соочување со предизвиците.