Европа го променува „финансиското“лице: Инстантни плаќања во Евра Во Рок од 10 Секунди

Во светот на финансиските трансакции, Европскиот совет прифати нови регулации за моментални плаќања. Имено, ситото може да биде  револуција во однос на начинот на кој граѓаните и компаниите пренесуваат пари.

Според новите правила, инстантните финансиски трансакции во евра, ќе бидат извршени преку банките, без никакви дополнителни такси надвор од стандардните трошоци за кредитни трансфери. Оваа иницијатива им овозможува на луѓето и на компаниите да ги префрлат парите на своите сметки во рок од само 10 секунди, независно од денот и времето на денот.

Оваа нова регулатива за инстантни плаќања во евра, прифатена од страна на Европскиот совет, ќе донесе значителни предности за европскиот финансиски сектор и за граѓаните и компаниите. Овие промени не само што ќе го засили нивното финансиско самоопределување, туку и ќе донесе подобрувања во процесот на пренос на пари, што ќе овозможи нови и иновативни услуги со дополнителна вредност. Регулативата е дел од стратегијата за заокружување на единствениот пазар на капитал во ЕУ, со цел обезбедување на потоци на инвестиции и заштита на интересите на граѓаните, бизнисите и инвеститорите низ целиот сојуз.