Нова вест од Италија: „Запрено е проширувањето на полигонот на Porsche во Пуља“

Нова вест од Италија! Запрено е проширувањето на полигонот на производителот на спортски автомобили Porsche во Пуља.

Притисокот за запирање на проширување на полигонот на производителот на спортски автомобили Porsche во Пуља, доаѓа од еколошките активисти, па затоа кај италијанските власти веќе се почувствува притисокот.

Споре активиститите, намерата на Porsche да инвестира околу 450 милиони евра во проширувањето на полигонот, ќе опфати огромна површина на расчистување на површините под шумата.

Веќе 40.000 потписи се собрани за петиција. Барањето е да се стопира ваквиот план и да прекине неговата реализација.

Дали ова доволно ги заинтригира и уплаши оние кои веќе започнаа со остварување на визијата, кажува договорот со Министерството за животна средина во Рим. Се одлучи да се преиспитаат повеќе аспекти кои се однесуват на процедурата за дозвола.

Porsche ја доби таа одлука, потврди портпаролот на компанијата, но и додаде дека нивните цели не се променети.

Извор