Техничкиот преглед на возилото е задолжителна проверка, со цел безбедно вклучување во јавниот сообраќај. Оваа проверка е неопходна за безбедноста и заштитата на сите учесници во сообраќајот, што ги намалува ризиците од непредвидливи инциденти и несреќи. Покрај тоа, техничкиот преглед ги гарантира исправноста на возилото и спречува можностите за евентуални технички проблеми на патот. Со тоа што се грижиме за техничката исправност на нашите возила, покажуваме одговорност и загриженост за сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
„Со секоја комплетна регистрација во СН Технички Преглед – ВАУЧЕР ЗА ШЛЕП СЛУЖБА! Ова е уште еден начин да им понудиме поволности и олеснувања на нашите лојални клиенти и корисници на услугите“, велат од СН Сообраќајниот центар каде е стационирана станицата за технички преглед и сервис за моторни возила.
Имено, како синоним за брза, квалитетна и беспрекорна услуга, СН Сообраќаен Центар, веќе е докажан мотор двигател на културата на моторни возила. „Исправноста на вашето возило, за нас е приоритетна цел“ – додава професионалниот високообучен тим.
Меѓу другото, станицата за технички преглед, ги исполнува сите стандарди за вршење на дејноста и нуди поволности и услуги на едно место: Хомологација; ЦЕМТ; Издавање меѓународни патни документи; А-тест од сите типови; Пошта; Тобако; Потврда за исполнување на техничко експлоатациони услови (ПТЕУ); Референт на МВР; Зелен картон; Сите видови осигурување и полиси, како и комплетна регистрација и технички преглед на моторни возила.
Безбедноста на клиентот е примарната цел на СН Сообраќаен Центар, а услугата која вклучува бесплатна шлеп служба со секоја направена регистрација на возилото, е благодарност кон клиентите за нивната доверба и лојалност. Понудата важи за Пелагонискиот регион.