Zeekr 7X: Најновиот Електричен Кросовер – Нови Стандарди 

Електричен Кросовер

Zeekr 7X: Најновиот Електричен Кросовер – Нови Стандарди! Zeekr ќе започне со продажба на својот нов електричен Кросовер 7Х во Кина. Тоа ќе се случи на крајот на септември. Глобалната продажба, вклучувајќи ја и Европа, ќе започне следната година.

Новиот Zeekr 7Х се издвојува со своите импресивни димензии: должина од 4825 mm, ширина од 1930 mm, висина од 1656 mm и меѓуоскино растојание од 2925 mm, при што волуменот на багажникот достигнува 616 литри. Кросоверот доаѓа со тркала од 19 и 20 инчи со што е нагласен робусен и модерен дизајн.

Електричен Кросовер

Zeekr 7Х презема дел од стилските и техничките решенија од моделот Zeekr 007, вклучувајќи го и LED панелот на предната страна. Кросоверот е поставен на платформата SEA и е опремен со батерии од 75 или 100 kWh со 800 – волтна архитектура. Моделот се полни до 80% за само 15 минути. Обезбедува досег од 605 до 780 km според кинескиот CLTC стандард.

Кросоверот ќе биде достапен во верзии со еден и два мотори. Сите верзии на моделот, користат електричен мотор од 310 Kw/422 КС на задната оска, додека верзиите со два мотори имаат дополнителен мотор од 165 Kw/224 КС на предната оска со што се овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,8 секунди.

Внатрешноста се карактеризира со двоен екран кој вклучува 15,0-инчен инфозабавен екран и целосно интегрирана LCD табла со инструементи. Забавниот систем е напојуван од чипот Qualcomm Snapdragon 8295. Кросоверот е опремен со пакет сензори, вклучително и Lidar и користи двојни Nvidia Orin X чипови со што се овозможува напредниот систем Haohan Inteligent Driving 2.0 да биде дел од возилото исто како и кај моделите Zeekr  001 и 007.

Цените во Кина се движат од 240 000 до 300 000 јуани (приближно од 30 620 до 38 280 евра).

Извор