Кинезите со најава: Наскоро прв летечки автомобил на Xpeng

летечки автомобил

За две години познатиот бренд Xpeng има за цел да го испорача својот прв летечки автомобил.

Во 2026 година, Xpeng AeroHT, подружница на Xpeng, ќе ги задоволи „апетитите“ на своите клиенти и ќе го испорача првиот летечки автомобил. Веќе сме во иднината, би рекле. Како да до вчера имавме само визија… Но, со оглед на рапидниот рвој и напредок на технологијата, таа нестварна иднина, се исполнува.

Копретседателот на кинескиот производител на електрични возила за CNBC ја даде својата изјава, а клиентите ширум светот будно ја следат нивната работа. Имено, Xpeng AeroHT минатата година, го претстави копнениот носач на авиони – пикап со електричен дрон со две седишта. Летечкиот автомобил може да се откачи од пикапот, а луѓето потоа можат да влезат во дронот и да го летаат.

летечки автомобил

-Возилото ќе биде достапно за пред-нарачка оваа година, – изјави Брајан Гу, копретседател на Xpeng. Меѓу другото, копретседателот додаде дека компанијата се надева дека ќе ја испорача единицата во 2026 година.

„Причината поради која сме уверени е затоа што не го дизајнираме ова само за употреба во урбани центри, туку за периферии во живописни области… Ќе работиме со општините за да создадеме паркови за летање. Зони за летови кои ќе им овозможат на луѓето да уживаат.“, вели Гу, пренесува autoblog.rs

Летечкиот автомобил моментално минува низ процес на сертификација кај кинеското воздухопловно регулаторно тело.