Иако во еден од претходните текстови, споделивме видео каде новинарка го пренесува своето лудо искуство од возењето во taxi робот, надовме на друга информација. Очигледно компанијата Waymo чиј потпис е зад овие автомобили без такси возачи, воопшто не е загрижена и е упорна во својата намера. Очигледно треба да се соочиме дека вештачката интилегенција презема контрола.
Инаку, Waymo, американскиот роботски оператор се пофали нов успех. Компанијата забележа нов рекорден број на платени возења со патници во три града каде што се достапни нивните услуги.
Лос Анџелес, Сан Франциско и Феникс, се градовите каде Американскиот Waymo моментално ги нуди своите услуги. Според податоците, оваа недела Waymo правел извршувал услуги кои вклучуваа 50.000 платени возења неделно на тие локации. Изгледа дека патниците уживаат во возењето на овие автономни возила.
„Сепак, сега доаѓа ново соопштение од Waymo. Нивниот директор Текедра Мавакана објави на X дека надминале 100.000 платени возења неделно. Тој на целиот тим на компанијата му честиташе за врвниот резултат и им се заблагодари на патниците кои секојдневно ги возат своите автономни автомобили.“ – пренесува autoblog.rs. Повеќе прочитајте тука.