„Волсфаген размислува за голем број мерки за намалување на трошоците за својот водечки бренд, вклучително и намалување на платите за 10 отсто и замрзнување на платите за две години, бидејќи се обидува да заштеди 4 милијарди евра“, објави весникот Handelsblatt, цитирајќи упатени во компанијата.
Во услови на лоша економска клима Волсфаген размислува да ги намали и замрзне платите… А работниците се спротивставуваат кон таа идеја. Истовремено се разочарани од компанијата велејќи дека таа не го кажала својот јасен бизнис план и стратегија… Па ова им дошло како гром од ведро небо.
Раководството според погоренаведениот весник, размислува на повеќе стратегии за заштеда. Така се предложила идејата да се намалат дополнителни плаќања за годишнини на вработените и ограничување на бонусите. Освен тоа Волсфаген планира да затвори некои германски производствени погони.
Сепак за ова, портпаролот на Волсфаген одби да коментира за Handelsblatt за тековните преговори со работниот совет на компанијата и IG Metall, моќниот синдикат на металските работници во Германија.
Од германските фабрики доаѓаат претставници и менаџментот прави нова стратегија за намалување на трошоците. Имено размислува и кои модели ќе се произведуваат на локациите.