Volkswagen го претстави ID Unyx. Имено, автомобилот е посебно развиен и наменет за кинескиот пазар, па би рекле дека е привилегија само за кинезите. Станува збор за веќе постоечката стратегија „Во Кина, за Кина“
Кина сеуште ја провоцира Европа , па секако постои извесна љубомора.
Иако ID Unyx е наменет да ги задоволи апетитите само на своите клиенти од Кина, а секако моделот, предизвикува восхит, интерес и љубопитство од цел свет. Но, и покрај тоа, Volkswagen засега е посветен на кинескиот пазар, па не покажува интерес за да го претстави и лансира глобално. Фокусот им останува во Кина.
Што се однесува до дизајнот и перформансите, новиот ID Unyx, нуди прилагодлив 3D аватар. Со него, може да се водат разговори. По вокација е електричен купе кросовер, а автономијата е повеќе од 600 километри. Основната верзија на ID Unyx има мотор од 210 kW со погон на задната оска. Батеријата има нето капацитет од 77 kWh. Ќе има и верзија со погон на сите тркала со два електромотори и моќност од 250 kW.Планот е ID Unyx да биде подбренд во Кина, а меѓу другото се прави и стратегија за отворање на ексклузивни продавници кои ќе ги освојат младите купувачи во големите градови низ земјата.
Исто така визијата е да следат уште четири модели во следните три години.