ВИДЕО: Велосипед Карго

На пазарот излезе уникактно решение од страна на Toyota. Имено, брендот соработува со француските Douze Cycles, а неодамна го претставија т.н. карго велосипед.

За што станува збор и за кого е наменет?

Велосипед

Овој велосипед е наменет за оние кои претендираат да ја заштитат животната средина. Но, сепак имаат потреба да транспортираат одредена стока. Имено, ова би се вклопило во категоријата товарни возила . Велосипедот напред има голема корпа со капацитет од 270 литри. Интересно е што при рекламирањето на товарниот велосипед, се напоменува фактот дека по потреба во корпата можат да се превезат и деца. Што се однесува до перформансите и моќноста, велосипедот на ветер е потпомогнат од електромотор интегриран во долниот држач, а батериите овозможуваат автономија од 100 километри. Десетстепен менувач е одговорен за совладување на сите урбани предизвици, а носивоста е сто килограми.

Во продолжение, погледнете го видеото.