Тојота ја зголеми својата инвестиција во електрични авио такси

авио такси

„Тојота“ инвестира уште 500 милиони долари во компанијата „Џоби Авиејшн“ во партнерство со цел да започне комерцијален бизнис на американската компанија за авио – такси.

Инвестицијата на „Тојота“ ќе биде искористена за поддршка на сертификација и производство на авион сличен на хеликоптер за такси услуги… Oбјавија двете компании, пренесе агенцијата АП. Вкупната инвестиција на „Тојота“ изнесува 894 милиони долари. Што значи дека „Тојота“ ќе поседува 22 отсто од акциите на компанијата во која инвестира, наведува Бета.

Инвестицијата се надоврзува на речиси седумгодишна соработка меѓу двете компании“ рече Џо Бен Бевирт, основач и извршен директор на Joby Aviation.

авио такси

„Знаењето и поддршката на Тојота беа клучни за нашиот успех… додека ја реализираме нашата заедничка визија за иднината на воздушниот сообраќај“, додаде тој.

Joby Aviation вели дека неодамна го изградила својот трет авион. Минатата година двете компании потпишаа долгорочен договор според кој Тојота ќе снабдува мотори и други компоненти за новото авио такси.

На интернет е објавено дека во комерцијалното воздушно такси „Џоби“ има место за четворица патници и еден пилот. Може да помине до 240 километри со едно полнење на батеријата со максимална брзина од 320 километри на час, а максималната носивост е 453 килограми. Тој е дизајниран да полетува и слетува вертикално како хеликоптер и да премине на хоризонтален лет како авион. Речиси целосно тивко при лет, при полетување и слетување е 100 пати потивко од хеликоптер.

„Џоби“ планира масовно производство и да дава транспортни услуги по барање на клиентите.