Ова не е единствен проблем на ТЕСЛА за годинава. Изгледа дека софтверските проблеми постојано им се повторуваат на гигантот, а секако ова е лоша реклама. Имено, овој пат станува збор за софтверски пропуст поради кој на сред возење се отворала хаубата.
Секако повеќето од жалбите доаѓаат од САД. Станува збор за бројка од 1,8 милион возила на Тесла кои се соочуваат со ова. Всушност проблемот е што изгледа дека постои опасност софтверот да не препознае дали хаубата или предниот багажник е заклучен.
НХТСА, агенцијата за безбедност во сообраќајот вели дека ова е голем проблем. Ако тоа се случи ненадејно на пат, ќе се намали прегледноста. А тоа може да дојде до непосакувани последици и сообраќајна незгода. Се загрозуваат сите учесници во сообраќајот, па ТЕСЛА мора да работи ан решавање на случајот. Но, дали после ова би ги задржала клиентите?
Модел 3, Модел С и Модел Икс, произведувани меѓу 2021 и 2024 година, како и Модел Ипсилон, произведен меѓу 2020 и 2024 година, се моделите кои се соочуваат со овој проблем, па сервисниот повик нај повеќе се однесува на овие модели.
Но, ова не се случува само во САД, туку идентификуван е проблем и во Кина и Европа. После апдејтот, се верува дека софтверот ќе препознава кога хаубата е заклучена или не.
Имено Тесла годинава си дозволи неколку грешки. Пикапот Сајбертрак исто така се најде в листата со проблеми, па истиот мораше да повикан во сервисна работилница за сите дотогашни негови испорачани примероци. Кај 4000 возила, постоеше опасност да се заглави педалата за забрзување. Истиот ака во Јануари, се извршија сервисни проверки и кај 1,6 милиони возила во Кина, а кај нив постоеше опасност од сообраќајна незгода (судир) при користење на системите за асистенција.