Пикапот Cybertruck на Tesla повторно повлечен!

Поради проблеми со камерата што го прикажува просторот зад возилото, Tesla повторно повлекува повеќе од 27.000 Cybertruck камиони.

Повторно проблеми со Tesla. После петти пат откако беа пуштени во продажба, возилата Tesla повторно ги повлекуваат од пазарот. Овој пат проблемот лежи во задната камера која доцни со прикажување на сликата на контролната табла зад камерата. Секако тоа го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди и судири, но се чини дека Tesla е упорна.

Tesla

Компанијата издаде ажурирање на бесплатен софтвер за да го реши проблемот. Писмата за известување до сопствениците се очекува да бидат испратени на 25 ноември.

Што се однесува до другите проблеми Тesla во месец април,, имаше проблеми со педалата за гас бидејќи можеа да се заглават кога ќе се притиснат. Во месец јануари пак, Tesla издаде отповик на софтвер за 2,2 милиони свои возила, вклучувајќи го и Cybertruck. Проблемот беше што буквите на предупредувачките светла требаше да се читаат со лупа поради нивната минимална големина.

„Во последното отповикување, компанијата ја извести Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите дека екраните во пикап камионите, кои треба да ја покажуваат областа зад возилото, не покажуваат ништо дури 8 секунди кога Cybertruck ќе се стави во рикверц.“ – пренесува n1 info.rs.