05
Сеп
Pagani Utopia - одлучно оди по својот пат. Најновиот модел Pagani Utopia, претставува вистински празник на традиционалниот инженеринг со „суров“ 6,0-литарски V12 мотор од Mercedes. Носи двојно турбо и никакви хибридни компромиси. Оваа одлука е далеку од случајна. Основачот и директорот Хорацио Пагани го прави тоа за своите клиенти, кои како што самиот вели, не сакаат хибриди. Во време кога речиси сите нови хиперавтомобили се хибридни, Pagani се издвојува со својата единствена визија. Хорацио Пагани смета дека хибридните системи не се само непотребни туку и тежок товар за возилото и неговите перформанси. „Во реалноста, никој не е заинтересиран за хибриден…