G-Power

G-Power BMW M4 CSL

G-Power BMW M4 CSL

На почетокот годинава, видовме неколку модифицирани верзии на BMW M4. Овој пат од тјунерската компанија G-Power пристигнува и нивниот дотеран M4 CSL. За почеток, 3,0-литарскиот твин-турбо мотор со шест цилиндри по обработката има 720 КС и 850 Nm вртежен момент. Доволно за максимални 320 km/h. Достапни се и Hurricane RR или Hurricane RS тркала од 20 и 21 инчи (гуми 285/30 и 295/25). Забеежана е изменета суспензија (автомобилот е понизок за 40 mm), има посилни сопирачки, аеро каросерија од карбон влакна и рафиниран ентериер (волан со лого G-Power, карбонски влакна, велур патосници…), како и хауба со отвори за воздух. Извор
Read More