05
Ное
Повикувајќи се на состанок меѓу раководството и работниците, што подоцна го потврди автомобилскиот производител, Audi одлучи да ја затвори својата фабрика во близина на Брисел. Информацијата ја објави белгискиот весник L’Echo, пренесува biznispro. Извори кажуваат дека сепак нема да има затворање на работни места пред 28 февруари 2025 година. Тоа е датумот планиран за да се стави катанец на фабриката во Брисел. Меѓу другото се зборува и дека друг инвеститор ќе ја преземе оваа фабрика. Директорот за комуникации на Audi во Брисел, Питер Д’Хор, изјави дека разговорите со работниците за можни отпуштања се во тек.