11
Дек
Тестови што можат да спасат илјадници животи! Европската организација за оценка на безбедноста на возилата, Euro NCAP, влегува во нова ера со првите тестирања на тешки камиони. Ова е историски чекор кој има за цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот и да ги намали трагедиите што ги предизвикуваат овие големи и масивни возила. Зошто се важни овие тестови? Камионите поради својата големина и тежина, претставуваат значителна опасност на патиштата. Дури и најмалиот инцидент со нив може да има сериозни последици. Затоа, Euro NCAP насочува внимание кон идентификување на слабостите и воведување на нови безбедносни стандарди кои ќе ја минимизираат…