SuperTruck 2 – Футуристички изглед и супер технологии!

SuperTruck 2

Последните неколку години, јасна е намерата на гигантските компании во областа на моторните лесни и тешки возила. Натпреварот е околу тоа кој ќе внесе подобри иновации и ќе развие подобра технологија во поглед на развивање на еколошката свест.

Имено, тој е случајот и со производитот на камиони Kenworth од Америка кој ја претстави својата т.н. лабараторија на тркала наречена SuperTruck 2, (супер камион 2). Секако, како што кажавме во воведниот дел од текстот, целта е да се подобрат сегашните технологии на еколошки план.

технологија

Во поглед на екстериерот и дизајнот, камионот несомнено има футуристички изглед, кој сепак не е електричен. Туку има дизел мотор кој хибридно развива 440 коњски сили. Иновативна технологија и аеродинамика што се грижи околу неа. Екстремно низок отпор на пневматиците и освен тоа, SuperTruck 2 е опремен со варијабилно ослонување. Се прилагодува висината на оптимално растојание од патот.

Тежината е намалена за повеќе од дваесет отсто во споредба со типична конфигурација. Секако причината е што при самата конструкција, се користени ултралесни материјали.

Погледнете го видеото подолу за да добиете подобра слика за што станува збор.