„СН Групацијата ја поддржува едукацијата и развојот на младите: Практична обука за учениците од СОУ „Таки Даскало“

СН Групацијата

СН Групацијата го поддржува и препознава потенцијалот на младите. Како општествено одговорна компанија, даваме дополнителна поддршка во процес на едукација кај младите. Помагаме во зајакнување на нивниот капацитет во поглед на кариерниот понатамошен развој.

Практичниот дел е многу важен, па затоа СН Сообраќаен Центар повторно ги отвори вратите на учениците од средното училиште СОУ „Таки Даскало“ од Битола. Тие заедно со професорот Драганчо Маркоски, имаа можност да се запознаат со содржините на СН Сообраќен Центар согласно со наставните програми и планови за средно стручно образование. Учениците доаѓаа од насоките техничар за патен сообраќај и техничар за патна шпедиција.

Преку презентација на нашата колешка Благица Сековска, учениците се запознаа со сите содржини на СН Сообраќајниот Центар и услугите кои ги нуди СН Осигурителен Брокер.

„Имено, како мотор двигател во културата на моторни возила, истиот обединува спектар на различни услуги. Тука граѓаните можат да ги добијат сите услуги поврзани со комплетна регистрација на моторни возила и автомеханичарски сервис Потврда за исполнување на техничко-експлоатациони услови (ПТЕУ), А-тест од сите типови, хомологација.. Издавање меѓународни патни документи, ЦЕМТ, надоместок за јавни патишта, зелен картон и сите видови осигурување и полиси преку СН Осигурителен брокер.“ изјави Благица Сековска.

Учениците имаа можност, преку практичен дел да видат како тече процесот на проверка и технички преглед на возилата. Го посетија и сервисот за автомобили. Практично се запознаа како тече процесот на поправка на возилата, по што ја посетија и нашата автоперална.

„СН Центар за моторни возила нуди мноштво услуги ги запозна Сековска Секаков вид делови за возилата, пневматици од светски брендови Промена на шофершајбни, масло од реномирани брендови, замена и промена на ветробранско стакло… Директно машинско рамнење на дискови…“

Професорот Драганчо Маркоски одговори на сите прашања на неговите ученици. Преку практични примери им го доближи материјалот, објаснувајќи го досегашниот теоретски дел од наставата.  

СН Групацијата во континуитет ги поддржува иницијативите од образованието. Во рамките на својата стратегија за општествено одговорност продолжува да соработува со училиштата од средните образованија помагајќи во изучувањето и надоградувањето на образовните вештини на младите. Со овој вид соработка, и можноста за учениците да се вклучат во практични активности, создадовме можност за младите да стекнат искуство кое е клучно за нивниот понатамошен развој и успех во стручното образование.