Brabus со луксузни додатоци и модификации за Smart #1

Smart #1

Brabus – Германска компанија специјализирана за модификација и индивидуализација на возила, особено на моделите на Mercedes-Benz, Smart и други, подготви долга листа на опции за електричниот Smart #1. Истите можат ќе се додадат на возилото со цел да се подобрат неговите карактеристики или изглед.

Се избираат сет на опции и додатоци кои ќе го прилагодат и персонализираат возилото според желбите на купувачот. Програмата за индивидуализација која се однесува за Smart #1 , започнува со аеро-пакет направен од висококвалитетен полиуретан. Имено ова е издржлив и лесен материјал кој често се користи за автомобилски делови поради неговата отпорност на оштетувања и добра финиш обработка. Сплитерот ќе биде поизразен, комбиниран со дотеран браник. Kомпанијата тврди дека „овие промени значително го намалуваат подигањето на предната оска при големи брзини“.

Smart #1

Има и тркала од 19 до 21 инчи (последниве се Platinum Edition). Поголем заден спојлер на покривот, нов заден дифузер… Како и комплет нови спортски пружини (така што автомобилот е 35 mm поблиску до асфалтот). Поголемиот заден спојлер на покривот, ќе помогне уште повеќе во контекстот на подобрување на стабилноста и контролата при високи брзини со создавање на притисок надолу. Што се однесува до ентериерниот простор или внатрешноста. оветелни прагови со логото на Brabus, ќе блеснат на Smart #1. Педалите се алуминумски, а патосниците се со црвени детали кои одговараат на ентериерниот декор во однос на бојата.

Стандардниот електричен погон е веќе доволно моќен. Така, понудата не вклучува никакви надградби на перформансите.Возилото има батерија од 66 kWh, додека досегот е 400 km.Двата електромотори имаат комбинирана моќност од 315 kW/428 КС и 543 Nm вртежен момент, доволно за забрзување до 100 km/h за 3,9 секунди. Следи понуда од Brabus за слични производи за Smart #3 и Smart #5.