Шкода претстави еколошки ентериер

Шкода

Светски познатиот бренд Шкода, после големите најавувања за Elroq, конечно го претставува моделот што главниот фокус го акцентира на ентериерот и еколошки материјали. Кросоверот нуди четири различни внатрешни теми Loft, Lodge, Suite и Studio. Првата ќе го употребува Recytitan, материјал што содржи 78% рециклиран РЕТ (Polyethylene terephthalate).

Recytitan ќе се користи за панелите на вратите, за навлаките на седиштата, потпирачот за раце, контролната табла. Освен издржливоста и безбедноста, од Шкода велат дека апсолутно е присутна и удобноста, комфорот. Шкода вели дека Loft ќе биде со ткаенина во темно сини нијанси, како и темен акцент на вештачката кожа.

Дизајнот ќе биде надополнет со шевови во жолт контраст. Lodge е исто така еколошка, но користи материјал наречен Technofil. Истиот е од полиестер, како и од рециклирани предива. Интересно е што тие се направени од најлон добиен од остатоци од ткаенини и теписи, како и рибарски мрежи.

Сепак, не се откриени многу детали за внатрешноста, но чесите се фалат и тврдат дека кабината ќе има модерен дизајн со чисти линии, минимализам, едноставност и практичност. „Elroq ќе се базира на платформата MEB и ќе се нуди со четири различни погонски единици. Почетниот модел има батерии од 55 kWh, како и мотор поставен одзади со 170 КС. Најсилната верзија ќе има погон на сите тркала со два мотори, која има батерија од 82 kWh, како и моќност од 299 КС.“ пренесува avtomagazin.mk

Извор