Simpson-Ferrari V12 GTR ќе биде на аукција

Ferrari

Iconic Auctioneers ова лето ќе го продава на аукција Simpson-Ferrari V12 GTR

Имено, како што медиумите пренесуваат, F40 е официјално поддржан од фабриката со V12 мотор. Произведен е во соработка со британската компанија Simpson Motorsport кон крајот на деведесеттите.

Ferrari

F133 V12 е атмосферски мотор, кој го придвижува автомобилот. Поврзан е со 6-брзински секвенцијален мануелен менувач на Hewland.

„Иако бројките не се дадени, се очекува моторот да испорачува повеќе од фабричките 485 КС и 569 Nm вртежен момент.“ пренесува autoblog.rs

Сепак, нема многу информации околу модификациите. Шасијата е од моделот F40 и е целосно подготвена за трки.

Автомобилот доби и специјални компоненти за суспензија, осигурувајќи непречено возење и стабилност на возилото. Каросеријата пак беше олеснета и зајакната. Панелите обоени во црвено на Rossa Corsa се преземени од F40 GTE, вклучувајќи ги предните и задните разделувачи. Масивното задно крило изгледа уникатно. Што се однесува до ентериерниот простор, контролната табла има копчиња и прекинувачи поврзани со мотоспортот. Цената Simpson-Ferrari V12 GTR се очекува да надмине 600.000 фунти на аукцијата ќе се одржи на крајот на август на фестивалот Силверстоун.

Извор